Questo sito usa cookie per fornirti un'esperienza migliore. Proseguendo la navigazione accetti l'utilizzo dei cookie da parte nostra OK

Македонска музичка посвета за Италија и за сите оние кои страдаат во овие тешки моменти

Data:

11/04/2020


Македонска музичка посвета за Италија и за сите оние кои страдаат во овие тешки моменти

Оддавање почит кон Италија, кон Северна Македонија, за нашите граѓани од извонредниот Благој Нацоски-познат македонски тенор, повеќе од дваесет години резидент во Италија и голем пријател на Амбасадата - од Драган Спасов Дац - познат македонски театарски актер - и Александар Митевски, уште еден познат македонски кантавтор.

Песната се вика "Уште ми фалиш" и е дело на дуото Дац&Александар/Драган Спасов Дац&Александар Митевски за Фестивалот Макфест 2019. Изминативе денови Благој ја преведе на италијански јазик со наслов "Mi manchi ancora" и одлучи да ја сними на два јазика и да ја посвети на двата народа италијански и македонски во овој тежок период за сите.

Посветена е особено на тие кои ги загубија животите и на тие кои се борат против вирусот и тажните последици од него. Во воведот Благој вели: "Во моменти кога не можеме навистина да се прегрнеме, сакаме да ве прегрнеме со оваа музичка мелодија".

Ви благодариме за прекрасната посвета и храбро, ајде!

https://www.facebook.com/Blagoj.Nacoski.Fans/videos/293336628319083/


422