Questo sito utilizza cookie tecnici, analytics e di terze parti.
Proseguendo nella navigazione accetti l'utilizzo dei cookie.

Preferenze cookies

Телефонски разговор помеѓу Претседателот Стево Пендаровски и Претседателот Серџо Матарела

Денес се одржа телефонски разговор помеѓу Претседателот на Република Северна Македонија Стево Пендаровски и Претседателот на Италијанската Република Серџо Матарела. За време на телефонскиот повик, во пријателски и срдечни тонови, Претседателот на Северна Македонија Пендаровски ја изрази својата и блискоста и пријателството на македонскиот народ кон Италија во оваа тешка ситуација, на која Претседателот Матарела одговори, заблагодарувајќи се и истакнувајќи го длабокото пријателство што ги поврзува двете држави, како што беше истакнато и по повод неодамнешната средба во Рим во Квиринале.

Шефот на државата упати честитки за двете важни достигнувања постигнати од страна на Северна Македонија, за полноправното членство во НАТО и започнување на пристапните преговори со ЕУ. Претседателот Пендаровски се заблагодари за поддршката која Италија секогаш ја пружа, истакнувајќи ја основната улога на Рим на двата фронта.