Questo sito utilizza cookie tecnici, analytics e di terze parti.
Proseguendo nella navigazione accetti l'utilizzo dei cookie.

Preferenze cookies

Нови рестриктивни мерки на македонската Влада за справување со вонредната состојба COVID-19

Податоците од последните неколку дена за ширење на заразата од COVID-19 во Северна Македонија не се пријатни: бројот на нови заразени се зголемува со зголемен ритам.

Поради не позитивните трендови, со декрет кој стапи на сила денес, владата издаде натамошно стеснување на рестриктивните мерки со цел да се ограничи ширењето на епидемијата низ целата национална територија. Особено, се воведува генерален полициски час секој работен ден од 16 до 5 часот наутро наредниот ден. Во сабота и недела, полицискиот час се протега низ 24 часа (ова значи, во пракса, од 16 во петок до 5 следниот понеделник, со целосна покриеност за викенд). Единствената валидна причина за кршење на полицискиот час е потребата да се оди во аптека, што ќе биде единствениот вид активност која ќе остане отворена, покрај продавниците за намирници и рестораните кои вршат услуга за испорака до дома (следствено, тие што вршат испорака исто така ќе бидат ослободени од полицискиот час).

Оваа општа мерка е придружена со специфични ограничувања по возрасни групи:

• за лица над 67 години, продолжување на општата забрана за движење и во временските периоди 05-10 и 12-16 (т.е. единствениот временски период без забрана останува од понеделник до петок, од 10 до 12).

• за лица помлади од 18 години, продолжување на општата забрана за движење и во временските периоди 05-13 и 15-16 (т.е. единствениот временски слот без забрана останува од понеделник до петок, од 13 до 15).

Забрането е и движење на јавни места во групи од повеќе од две лица, освен ако групата не вклучува родители со деца под 14-годишна возраст.

Амбасадата препорачува почитување на мерките донесени од локалните власти.