Questo sito utilizza cookie tecnici, analytics e di terze parti.
Proseguendo nella navigazione accetti l'utilizzo dei cookie.

Preferenze cookies

COVID-19 вонредна состојба: петта организација за репатријација во Италија

Денес Амбасадата организираше петта операција за репатријација на 37 италијански државјани (меѓу кои и 1 малолетен македонски државјанин со родители италијански државјани кои живеат во Италија) од Скопје до Венеција.

Посебна благодарност до Министерството за надворешни работи на Северна Македонија и до Амбасадата на Италија во Белград за нивната соработка.

До денес Амбасадата успеа да врати во Италија 110 лица од почетокот на здравствената вонредна состојба.