Questo sito usa cookie per fornirti un'esperienza migliore. Proseguendo la navigazione accetti l'utilizzo dei cookie da parte nostra OK

Барање за купување и набавка на книги и дидактички материјал, и во дигитален формат, за училиштата и универзитетите во странство за поддршка на изучувањето на италијанскиот јазик

Data:

11/03/2020


Барање за купување и набавка на книги и дидактички материјал, и во дигитален формат, за училиштата и универзитетите во странство за поддршка на изучувањето на италијанскиот јазик

Министерството за надворешни работи и меѓународна соработка (MAECI - DGSP - Direzione Generale promozione sistema Paese) објавува повик упатен до училиштата и универзитетите во странство за барање за купување и набавка на книги и наставни материјали, и во дигитален формат, за поддршка на наставата на италијански јазик.

Образовните и / или универзитетските институции засегнати со повикот треба да се исклучиво јавни, државни или законски признати. Тие можат да го достават барањето преку приложениот Образец А, внимавајќи да го пополнат секое поле. Пополнетите барања треба да бидат доставени до Амбасадата, како во PDF формат (со потпис на одговорното лице и со печат на институцијата апликант) така и во Excel формат.

Треба да се напомене дека едукативни материјали може да се најдат и на страници специјализирани за учење на италијански јазик L2 / LS (покрај оние на некои италијански универзитети, вклучувајќи го и Универзитетот во Болоња и Универзитетот за странци од Перуџа и Сиена, имајте го во предвид и порталот www.italiano.rai.it ), корисни за планирање на едукативни програми, вклучувајќи ги и тие со интерактивна содржина.

Постојат и неколку бесплатни курсеви на дистанца објавени на Порталот на италијанскиот јазик: https://www.linguaitaliana.esteri.it/lingua/corsi/corsionline.do.

Заинтересираните институции треба да избегнуваат да поднесуваат барања за книги или аудиовизуелен материјал кој е недостапен, надвор од каталогот или дидактички застарен, фаворизирајќи книжевен материјал и / или дидактички материјал објавен во последните три години. Ова е со цел процедурите за набавка да бидат побрзи и да се обезбеди поголема ефикасност, преку ажурирани и дидактички напредни алатки. Всушност, MAECI не гарантира набавка на книги кои се надвор од каталог, препечатени или дидактички застарени текстови.

Барањата за купување треба да се достават до Амбасадата до 08.04.2020 година, кои – по мислењето на Шефот на мисијата - ќе бидат доставени до MAECI до 15.04.2020.


401