Questo sito usa cookie per fornirti un'esperienza migliore. Proseguendo la navigazione accetti l'utilizzo dei cookie da parte nostra OK

Препораки на македонското Министерство за надворешни работи во врска со вонредната состојба COVID-19

Датум:

09/03/2020


Препораки на македонското Министерство за надворешни работи во врска со вонредната состојба COVID-19

Согласно информациите добиени од Генералниот конзулат на Република Северна Македонија во Венеција - Италија, заради сериозноста на состојбата со COVID-19 во земјата, Министерството за надворешни работи на Република Северна Македонија препорачува граѓаните да не патуваат во следниве региони и провинции: Ломбардија, Модена, Парма, Пјаченца, Реџио Емилија, Римини, Пезаро, Урбино, Алесандрија, Асти, Новара, Вербано Кусио Осола, Верчели, Падова, Тревизо и Венеција. Исто така се препорачува да се избегнуваат непотребни патувања во останатите делови на Италија. За оние граѓани кои веќе се наоѓаат во Италија, препорачуваме зголемени мерки на претпазливост во секое време, да се следат локалните медиуми и упатствата на локалните власти. Повеќе информации може да се добијат на travel.mfa.gov.mk.

Информираме дека Генералниот Конзулат на Република Северна Македонија во Венеција, следејќи ја праксата на другите европски дипломатско конзуларни претставништва во истиот регион како и заради понатамошна превенција од ширење на COVID-19, во следниов период нема да работи со странки, освен во итни и неодложни ситуации. Во таа насока се одложува фотографирање на нашите граѓани за нови патни исправи. За подетални информации околу развојот на состојбите, македонските граѓани кои се наоѓаат во Италија, можат да го контактираат нашиот Генерален конзулат во Венеција (на + 39 389 5837913 или venice@mfa.gov.mk )

https://mfa.gov.mk/page/13/post/2176/informacii-povrzani-so-covid19-vo-italija


397