Questo sito utilizza cookie tecnici, analytics e di terze parti.
Proseguendo nella navigazione accetti l'utilizzo dei cookie.

Preferenze cookies

НАГРАДИ И ПРИДОНЕСИ ЗА ПРЕВОДИ НА СТРАНСКИ ЈАЗИК НА ЛИТЕРАТУРНИ И НАУЧНИ ДЕЛА (И НА ДИГИТАЛНА ПОДДРШКА), ПРОДУКЦИЈА, СИНХРОНИЗИРАЊЕ ИЛИ ТИТЛУВАЊЕ НА СТРАНСКИ ЈАЗИК НА КРАТКОМЕТРАЖНИ ФИЛМОВИ, ДОЛГОМЕТРАЖНИ ФИЛМОВИ И ТЕЛЕВИЗИСКИ СЕРИИ

Министерството за надворешни работи и меѓународна соработка ја објавува можноста за награди и финансиски придонеси за преводи на странски јазик на литературни и научни дела (и на дигитална поддршка), продукција, синхронизирање или титлување на странски јазик на краткометражни филмови, долгометражни филмови и телевизиски серии.

ВИД НА ПРИДОНЕСИ

Издавачи, преведувачи, продуцентски компании, компании за синхронизирање и титлување, за дистрибуција и културни и меѓународни институции, со седиште во Италија како и во странство, можат да аплицираат за два вида финансиски придонеси:

а) Придонеси:

– придонес за преведување на странски јазик и ширење преку издавање (и во вид на дигитална е-книга) на научни и книжевни дела, а чие објавување е предвидено по 31 јули 2020 година;

– продукција, синхронизирање или титлување на странски јазик на краткометражни, долгометражни филмови и телевизиски серии кои ќе бидат реализирани по по 31 јули 2020 година;

б) Награди:

– придонес за италијански дела (и во форма на дигитална е-книга), вклучувајќи ги и краткометражните, долгометражните филмови и телевизиските серии наменети за медиумите за широката јавност, кои биле објавени, преведени, продуцирани, синхронизирани, титловани, не пред 1 јануари 2019 година.

НАЧИН И РОК ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ НА БАРАЊАТА

Кандидатите треба да ги поднесат барањата ИСКЛУЧИВО користејќи го соодветниот формулар (кликни), на италијански или англиски јазик.

Со оглед на моменталната ситуација поради здравствената вонредна состојба, во однос на претходните години, крајниот рок е поместен. Затоа, целосното барање заедно со потребните документи назначени на горенаведениот конкурс треба да се испратат до Амбасадата НАЈДОЦНА ДО 30 АПРИЛ 2020 ГОДИНА.

НЕПРИФАТЛИВИ БАРАЊА

Не се прифаќаат барања за придонеси за веќе објавени, дистрибуирани, преведени или синхронизирани дела, на денот на поднесување на апликацијата и за дела чие објавување е закажано пред 1 август 2020 година, т.е. објавени пред потребното време за завршување на постапките за прифаќање и доделување на придонесите од ова Министерство.

Исто така, не се прифатливи апликациите кои бараат придонес еднаков или поголем од цената на проектот. Придонесот на МНРС не смее да претставува обврзувачки елемент за превод, дистрибуција, производство, публикација, синхронизација и титлување на делото.

Не се прифатливи апликациите за дела кои веќе поднеле барање за доделување на награди или придонеси во други финансиски години, освен во случаи во кои надлежното претставништво во странство смета дека треба да предложи повторен преглед, оправдувајќи го со промена во локалната состојба.

Неприфатливи се апликациите поднесени на други начини од оние утврдени со огласот, ниту пак апликациите на кои не е приложена целокупната потребна документација, ниту пак оние поднесени преку образец за апликација различен од оној прикачен на конкурсот или таму каде што не се пополнети сите полиња.

Амбасадата (Одделот за култура) останува на располагање за дополнителни информации.