Questo sito utilizza cookie tecnici, analytics e di terze parti.
Proseguendo nella navigazione accetti l'utilizzo dei cookie.

Preferenze cookies

Нови рестриктивни мерки воведени од македонската Влада и состојба со бројот на заразени случаи

Денес до 12:00 часот, вкупниот број на заразени случаи со COVID-19 во Северна Македонија се искачи на 148; еден излечен пациент; 2 за жал починати. Заразените лица се регистрирани најмногу во Скопје и Дебар; други случаи во Куманово, Штип, Кавадарци, Охрид и Гостивар.

Во последните денови Владата усвои дополнителни рестриктивни мерки за да се соочи со вонредната ситуација поради COVID-19 меѓу кои:

– полициски час од 21:00 до 05:00 наредниот ден;

– забрана за излегување од дома од 11:00 до 05:00 наредниот ден за лицата над 67 години;

– забрана за излегување од дома од 21:00 до 12:00 наредниот ден за малолетни лица.