Questo sito usa cookie per fornirti un'esperienza migliore. Proseguendo la navigazione accetti l'utilizzo dei cookie da parte nostra OK

Нови рестриктивни мерки од македонската Влада во врска со вонредната состојба во врска со вирусот COVID-19

Data:

13/03/2020


Нови рестриктивни мерки од македонската Влада во врска со вонредната состојба во врска со вирусот COVID-19

Владата на Северна Македонија на седницата на 12 март донесе нови рестриктивни и превентивни мерки за контрола на ширењето на вирусот COVID-19. Текстот на одлуката на Владата (објавен денес 13 март) е прикачен (службен превод на италијански јазик). Меѓу најрелевантните и ново применувани мерки (споредено со оние кои веќе беа соопштени во последните денови и со кои се потврдува последната одредба), пред сè, потенцираме:

Ø забрана за влез во Северна Македонија на странски државјани од земји со среден и висок ризик - според официјалниот список на СЗО - значи и од Италија (точка 14 од решението). Одредбата исто така појаснува дека, и покрај тоа во случај патник од овие земји да пристигне на граничните премини со Северна Македонија, ќе сму се нареди домашна изолација (точка 15; се прецизира дека се следи почитувањето на оваа мерка од страна на полицијата, како што деновиве се констатира).

Сепак, од суштинска внатрешна важност, се забележува и следново:

· Забрана за собири и организирани настани (точка 5);

· Затворање на спортски сали, базени, спортски центри и откажување на спортски настани (точки 6, 7 и 8);

· Затворање на барови и ресторани по 18.00 часот (и до 07.00 часот следниот ден) и одржување на безбедносното растојание на јавни места (точка 9);

· Забрана за организирање состаноци и настани за јавните администрации (точка 10)

Владата, исто така, донесе одлука за жителите на Дебар и Центар Жупа (места каде има позитивни случаи на вирусот COVID -19) да не ги напуштаат своите населени места во траење од 30 дена.

Се препорачува строго почитување на донесените мерки од надлежните органи.


403