Questo sito usa cookie per fornirti un'esperienza migliore. Proseguendo la navigazione accetti l'utilizzo dei cookie da parte nostra OK

Нови мерки на италијанската Влада во врска со вонредната состојба со вирусот COVID-19

Data:

10/03/2020


Нови мерки на италијанската Влада во врска со вонредната состојба со вирусот COVID-19

На 9 март 2020 година е издадена нова Уредба на Претседателот на Советот на Министри (DPCM) со која се воведуваат нови итни мерки за борба против ширењето на вирусот „Ковид-19“ низ цела Италија, со што се продолжуваат мерките предвидени со претходната Уредба од 8 Март за Ломбардија и околните области.

1. Меѓу поважните мерки, уредбата наложува да се избегнува било какво движење на физички лица (на национална територија како и на влез / излез), освен за докажани работни потреби, ситуации на неодложна потреба или здравствени причини. Причините за работа, неодложна потреба или здравје можат да бидат само-сертифицирани со изјава, како што е предвидено од законот на сила. Дозволено е враќање во вашиот дом, живеалиште или место на престој. Исто така, постојат ограничувања во работењето на јавните активности/услуги (спорт, угостителство, забава, итн.) и каков било вид на собирање на луѓе на јавни места или места отворени за јавноста. Покрај затворањето на училиштата, веќе на сила од 5 февруари, суспендирано е отворањето на музеите, одржувањето манифестации, настани и претстави. Се препорачува секогаш да одржувате барем еден метар оддалеченост од другите луѓе („социјално растојание“). Паралелно, беа преземени мерки за зајакнување на националниот здравствен систем, со посебен осврт кон интензивната нега. Со Уредбата од 8 март не се предвидени повеќе црвени области: престанаа ограничувањата што беа предвидени во претходната Уредба од 1 март (со формирањето на специфични црвени области).

2. Италијанската Влада постепено усвојува мерки што бараат одредени напори во однос на личните ограничувања и економското влијание, но се неопходни за заштита на јавното здравје, засновани на научни проценки и кои го следат принципот на максимална превенција.

3. И за странските државјани, штом ќе влезат на националната територија, се применуваат рестриктивните мерки на слобода на движење на целата национална територија „освен за движења мотивирани од докажани работни потреби или ситуации на неодложна потреба или движења од здравствени причини".

4. Што се однесува до заштитата на сограѓаните во странство, се потенцираат следниве главни аспекти:

- сонародниците кои живеат/се резиденти во Италија (како и странските државјани), а се наоѓаат во странство, можат – таму каде што функционираат превозните средства - да влезат во Италија за да се вратат во нивниот дом или живеалиште;

- на ист начин, сонародниците кои живеат / се резиденти во странство (како и странски државјани, вклучително и туристите), а се наоѓаат во Италија, - доколку транспортните средства функционираат – можат да патуваат за да се вратат во својот дом или живеалиште;

- влез и излез се дозволени и за докажани работни потреби (оваа одредба ги опфаќа и прекуграничните работници);

- треба апсолутно да се избегнува влез од туристички причини.

- Останува да важи обврската за известување до Одделот за превенција на локалната здравствена управа, за оние кои пристигнуваат во Италија од области со висок епидемиолошки ризик, како што е утврдено од СЗО.

Амбасадата, во тесна координација со италијанското Министерство за надворешни работи и меѓународна соработка и во постојан контакт со македонските власти, останува на располагање за најдобро справување со оваа вонредна состојба.


400