Questo sito usa cookie per fornirti un'esperienza migliore. Proseguendo la navigazione accetti l'utilizzo dei cookie da parte nostra OK

ПРИДОНЕСИ НА СТРАНСКИ УНИВЕРЗИТЕТИ ЗА ПРОМОЦИЈА НА ИТАЛИЈАНСКИОТ ЈАЗИК И КУЛТУРА ВО СТРАНСТВО

Датум:

18/03/2020


ПРИДОНЕСИ НА СТРАНСКИ УНИВЕРЗИТЕТИ ЗА ПРОМОЦИЈА НА ИТАЛИЈАНСКИОТ ЈАЗИК И КУЛТУРА ВО СТРАНСТВО

Министерството за надворешни работи и меѓународна соработка (MAECI - DGSP - Direzione Generale promozione Sistema Paese) им нуди можност на странските универзитети да добијат придонеси за промоција на италијанскиот јазик и култура во странските универзитетски институции.
Грантовите се доделуваат за формирање и функционирање на катедрите за италијански јазик при странски Универзитети и се наменети да ги покриваат целосно или дел од платите на професорите ангажирани директно од универзитетите со договор според локалниот закон. Терминот „катедра за италијански јазик“ подразбира катедри и/или универзитетски курсеви во кои италијанскиот јазик е меѓу јазиците што се изучуваат според прописите на заинтересираната институција, дури и ако катедрата или курсот имаат различно именување.
Меѓу критериумите за распределување на расположливите финансиски ресурси, приоритет ќе имаат оние универзитетски институции кои немаат професори со италијански мајчин јазик; кои се приклучиле на проектот „Laureati per l'Italiano“; кои ангажираат професори со италијански мајчин јазик специјализирани за предавање на италијански јазик на странци, со цел подобрување на квалитетот на образовната понуда; иновативни проекти насочени кон употреба на нови технологии (е-книги, курсеви за учење од далечина, итн.) Покрај бројот на студенти и курсеви, приоритет ќе имаат оние курсеви вклучени во стратешките сектори (на пр. архитектура / дизајн / економија / храна и вино).
Универзитетите треба да ги пополнат формуларите ЕЛЕКТРОНСКИ без да го менуваат наведениот текст. Тие мора да содржат потпис на одговорното лице на институцијата барател и печат. Формуларите треба да бидат придружени со писмо потпишано од одговорното лице на академската институција заедно со мотивот за барањето за придонес. Универзитетите кои веќе имаат искористено финансиски придонеси во претходните пет години пред 2019 година, ќе мора да ги приложат завршните извештаи од последната финансирана година преку приложениот образец Б. Поднесувањето на финалните извештаи е неопходен услов за доделување и плаќање на придонесот. Затоа, ве молиме испратете го вашето барање за придонес заедно со финалните извештаи, и во случаи кога тие се претходно испратени.
Барањата за придонеси треба да се поднесат до Амбасадата не подоцна од 10 април, додека Амбасадата по разгледувањето на истите ќе ги препрати до МНРМС до 20 април.


406