Questo sito usa cookie per fornirti un'esperienza migliore. Proseguendo la navigazione accetti l'utilizzo dei cookie da parte nostra OK

Конкурс за придонеси за странски универзитети за обуки и курсеви за надградување наменети за универзитетски професори по италијански јазик

Data:

09/03/2020


Конкурс за придонеси за странски универзитети за обуки и курсеви за надградување наменети за универзитетски професори по италијански јазик

Министерството за надворешни работи и меѓународна соработка (Генералниот Директорат за промоција на системот Италија – MAECI DGSP) нуди на странските универзитети можност да добијат придонеси за обуки и курсеви за надградување наменети за универзитетски професори по италијански јазик.

Придонесите се наменети за државни и приватни универзитетски институции кои ќе поднесат барање преку Дипломатските претставништва. Нема да бидат прифатени барања за обуки во Италија или надвор од државните граници, како и за организирање на академски курсеви, конгреси, семинари, дебати или за покривање на трошоци за учество на професорите на горенаведените иницијативи.

Придонесите се наменети за покривање само на дел од трошоците поврзани со курсот за обуки и курсеви за надградување наменети за универзитетски професори по италијански јазик вработени во локалните универзитети. Во соодветниот формулар, институцијата барател треба да ги квантифицира трошоците кои самостојно може да ги покрие. Институциите апликанти мора да испратат детален опис на проектот и потребите за обука. Треба да се напомене дека курсевите за обука на далечина за универзитетскиот наставен кадар дозволуваат да се прошири обуката на поголем број корисници, со значителни бенефиции и во поглед на трошоците.

Барањата за придонеси треба да ги содржат приложените формулари. Се молат заинтересираните универзитети да ги пополнат формуларите електронски без да го менуваат наведениот текст. Тие мора да содржат потпис на одговорното лице на институцијата барател и печат. Формуларите треба да бидат придружени со писмо потпишано од одговорното лице на академската институција заедно со мотивот за барањето за придонес.

Универзитетите кои веќе имаат искористено финансиски придонеси во претходните пет години пред 2019 година, ќе мора да ги приложат завршните извештаи од последната финансирана година преку приложениот образец Б. Поднесувањето на финалните извештаи е неопходен услов за доделување и плаќање на придонесот. Затоа, ве молиме испратете го вашето барање за придонеси заедно со финалните извештаи, и во случаи кога тие се претходно испратени.

Како што е предвидено од сегашното законодавство, оценувањето на барањата го спроведува Амбасадата, земајќи ги предвид придобивките за промовирање на италијанскиот јазик и култура во земјата.

Барањето треба да се поднесе до Амбасадата не подоцна од 13.04.2020.

Амбасадата ќе го препрати барањето до МНРМС до 20.04.2020.


395