Questo sito usa cookie per fornirti un'esperienza migliore. Proseguendo la navigazione accetti l'utilizzo dei cookie da parte nostra OK

Конкурс за придонеси за институции и здруженија за обуки и курсеви за надградување за професори по италијански јазик во локалните училишта

Data:

03/03/2020


Конкурс за придонеси за институции и здруженија  за обуки и курсеви за надградување за професори по италијански јазик во локалните училишта

Министерството за надворешни работи и меѓународна соработка (MAECI) објавува конкурс за промоција на италијанскиот јазик во странски образовни, не-универзитетски институции.

Конкурсот предвидува доделување на финансиски придонеси за организирање на обуки и курсеви за надградување, дури и од далечина, за локалните наставници по италијански јазик.

Придонесите предмет на конкурсот не се наменети да го покријат целокупниот трошок на курсевите; затоа, институцијата мора да приложи опис на трошоците кои може самостојно да ги покрие, обезбедувајќи детален опис на проектот. (Формулар Д)

Барањето за придонеси – освен пополнетите формулари – треба да содржи и писмо на меморандумска хартија од образовната институција, кое ќе го содржи образложението за барањето.

Институциите кои добиле придонеси во претходните пет години мора да го приложат соодветниот формулар со завршната пресметка за искористените финансиски средства од последниот придонес за обуките / курсевите за надградување за професорите по италијански јазик. (Формулар Д2)

Според нормативата на сила, оценувањето на барањата го спроведува Амбасадата.

Барањето треба да се поднесе до Амбасадата не подоцна од 10.03.2020.

Амбасадата ќе го препрати барањето до МНРМС до 15.03.2020.


392