Questo sito usa cookie per fornirti un'esperienza migliore. Proseguendo la navigazione accetti l'utilizzo dei cookie da parte nostra OK

Конкурс за придонеси за катедри за италијански јазик во странски (не универзитетски) образовни институции, стипендии или студиски патувања.

Data:

05/03/2020


Конкурс за придонеси за катедри за италијански јазик во странски (не универзитетски) образовни институции, стипендии или студиски патувања.

Министерството за надворешни работи и меѓународна соработка (MAECI) објавува конкурс за придонеси наменети за промовирање на италијанскиот јазик и култура во странските образовни не-универзитетски институции преку поддршка на катедрите за италијански јазик и финансирање на стипендии / студиски патувања.

Придонесите се доделуваат пред се’ за создавање, одржување и функционирање на катедрите за италијански јазик при странските образовни институции, со цел делумно да се покрие надоместокот на наставниците вработени директно од училиштата со договор според локалниот закон; како алтернатива, тие се доделуваат за делумно финансирање на стипендии и студиски патувања во Италија.

Доделувањето ќе се одвива според критериумите утврдени со декретот бр. 4107 од 02.08.2016 (види http://www.esteri.it/mae/resource/atti_concessione/cm_1065.pdf) .

Придонесите ќе бидат доделени за финансиската година 2020. Евентуалните студиски патувања, за кои ќе се побара придонес, мора да се извршат најдоцна до крајот на оваа учебна година (2019/20).

Барањата мора да се поднесат користејќи ги соодветните формулари (A, B, A2, B2) прикачени на известувањето на МНРМС, кои треба дигитално да се пополнат. Прописно пополнетите формулари ќе ги потпише одговорното лице на институцијата која аплицира, со датум и печат на образовната институција.

Барањето за придонеси – освен пополнетите формулари – треба да содржи и писмо на меморандумска хартија од образовната институција, кое ќе го содржи образложението за барањето.

Според нормативата на сила, оценувањето на барањата го спроведува Амбасадата.

Барањето треба да се поднесе до Амбасадата не подоцна од 10.03.2020.

Амбасадата ќе го препрати барањето до МНРМС до 15.03.2020.


394