Questo sito usa cookie per fornirti un'esperienza migliore. Proseguendo la navigazione accetti l'utilizzo dei cookie da parte nostra OK

ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ИТАЛИЈАНСКИТЕ ДРЖАВЈАНИ ПРИСУТНИ НА ТЕРИТОРИЈАТА НА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА И КОИ ИМААТ НАМЕРА ДА СЕ ВРАТАТ ВО ИТАЛИЈА

Data:

17/03/2020


ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ИТАЛИЈАНСКИТЕ ДРЖАВЈАНИ ПРИСУТНИ НА ТЕРИТОРИЈАТА НА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА И КОИ ИМААТ НАМЕРА ДА СЕ ВРАТАТ ВО ИТАЛИЈА

Во врска со вонредната ситуација со COVID-19 и блокадата на директните врски помеѓу Северна Македонија и Италија, Амбасадата на Италија во Скопје, во координација со Одделот за кризи на Министерството за надворешни работи и меѓународна соработка и во соработка со Амбасадата на Италија во Тирана ја проверува можноста италијанските државјани да користат комерцијални летови за да се вратат во Италија.

Летовите ќе тргнуваат од меѓународниот аеродром во Тирана, а патникот ќе треба да ја плати авионската карта, по цена од околу 220 евра (во зависност од бројот на учесници). Амбасадата, во соработка со македонските власти и Италијанската Амбасада во Албанија, ќе организира превоз до аеродромот во Тирана и преминување на границата. Исто така, и за овој превоз, се предвидуваат трошоци кои патникот ќе треба да ги плати (висина на трошоците ќе се одреди врз основа на бројот на патници).

Тргнувањето на првиот лет се очекува да биде во наредните неколку дена (претпоставка, која сè уште чека потврда, е дека веќе би можело да биде утрото во петок 20 март). Затоа ги замолуваме сите заинтересирани да ја контактираат Амбасадата што е можно побрзо на следната мејл адреса: consolare.skopje@esteri.it.

Би сакале да ја искористиме оваа прилика да ги потсетиме сонародниците заинтересирани да се вратат во Италија, дека по пристигнувањето на националната територија од нив ќе се бара стриктно да се придржуваат до превентивните мерки утврдени од италијанските власти, кои во моментов предвидуваат здравствен надзор за сите кои пристигнуваат од странство и домашна изолација во период од 14 дена.


405