Questo sito usa cookie per fornirti un'esperienza migliore. Proseguendo la navigazione accetti l'utilizzo dei cookie da parte nostra OK

Отворање на пристапните преговори помеѓу Република Северна Македонија и ЕУ. Телефонски разговор меѓу министрите за надворешни работи Ди Мајо и Димитров

Data:

26/03/2020


Отворање на пристапните преговори помеѓу Република Северна Македонија и ЕУ. Телефонски разговор меѓу министрите за надворешни работи Ди Мајо и Димитров

Европскиот Совет ги одобри Заклучоците на Советот за општи работи од 25 март за проширувањето, со што донесе одлука за отворање на пристапните преговори на Република Северна Македонија и Албанија со ЕУ. Ова е историски резултат кој Скопје веќе многу години го остварува и за кој Италија отсекогаш давала силна и искрена поддршка, особено во последните месеци, и покрај противењето на некои држави на ЕУ. Италија секогаш силно ја поддржуваше европската интеграција на Западен Балкан, стратешки регион од другата страна на Јадранот со кој постојат многу длабоки историски, политички, општествени и економски врски. Почетокот на преговорите за пристап, исто така, претставува вистинско признание за големите жртви и напорите во однос на реформите кои Северна Македонија ги оствари во последните години.
На 26 март Министерот за надворешни работи и меѓународна соработка Луиџи Ди Мајо оствари многу срдечен телефонски разговор со македонскиот Министер за надворешни работи Никола Димитров на кого му честиташе за важната постигната цел, благодарение и на силното италијанско делување. Министерот Димитров му се заблагодари на Министерот Ди Мајо за континуираната поддршка од Италија дури и во најтешките моменти како што е сегашниот со сериозната здравствена вонредна состојба за COVID -19, потенцирајќи дека историската пресвртница за Северна Македонија е во исто време успех за Италија и за ЕУ. Димитров исто така изрази најискрено сочувство за бројните италијански жртви поради ширењето на вирусот, посакувајќи што е можно побргу надминување на предизвиците со кои се соочува Италија во овие тешки моменти.
Следните чекори се усвојување на преговарачката рамка од страна на државите на ЕУ и свикување на првата Меѓувладина конференција со Република Северна Македонија.


413