1. Бројот на заразени случаи во Северна Македонија денес се искачи на вкупно 70, се работи за случаи од Дебар, Скопје, Гостивар, Штип и Охрид. Само еден пациент во моментов е хоспитализиран на интензивна нега. Сите други случаи покажуваат благи до средни симптоми и стабилна клиничка слика.
2. Во меѓувреме, се заоструваат мерките кои македонските власти ги преземаат за ситуацијата со оваа итна состојба. По состанокот на Претседателот на Републиката со лидерите на политичките сили, во изминатите денови беше решено да се одложат парламентарните избори, закажани за 12 април, до датум кој дополнително треба да се утврди (мисијата за набудување на изборите на ОБСЕ-ОДИХР одлучи да ја напушти земјата).
Одлучено е целосно затворање на скопскиот аеродром се до понатамошна одлука.
Но, најважната одлука е донесена за време на владината седница, а потоа прогласена, на 18 март, со одредба на Претседателот на Републиката: се прогласи вонредна состојба. Одредбата беше неопходна за да може на извршната власт да и се доделат вонредни законодавни овластувања во една навистина необична ситуација, со оглед на тоа дека парламентот е распуштен од средината на февруари и дека одложувањето на изборите не дозволува да се предвиди кога ќе функционира ново Собрание.