Questo sito usa cookie per fornirti un'esperienza migliore. Proseguendo la navigazione accetti l'utilizzo dei cookie da parte nostra OK

Посета на Министерот за надворешни работи и меѓународна соработка, Луиџи Ди Мајо (Скопје, 11 февруари 2020 година)

Data:

27/02/2020


Посета на Министерот за надворешни работи и меѓународна соработка, Луиџи Ди Мајо (Скопје, 11 февруари 2020 година)

Голем успех на посетата на Скопје на Министерот за надворешни работи и меѓународна соработка, Луиџи Ди Мајо, повеќе од пет години по последната посета на италијански министер за надворешни работи и во решавачка фаза за перспективата за европска и атлантска интеграција на Северна Македонија, за што Италија ја потврдува својата силна и лојална поддршка.

Одлични средби со сите високи претставници на Државата (Претседателот на Републиката Стево Пендаровски, Претседателот на Собранието Талат Џафери, Премиерот Оливер Спасовски и Министерот за надворешни работи Никола Димитров) и со лидерите на најголемите политички партии со кои се разговараше за претстојните парламентарни избори на 12 април. Благодарност за поддршката на Италија, која во овој момент се доживува како еден од најискрените и најверните пријатели на Северна Македонија.


390