Questo sito usa cookie per fornirti un'esperienza migliore. Proseguendo la navigazione accetti l'utilizzo dei cookie da parte nostra OK

Инаугурација на Твининг проектот „Strengthening the prevention/counter violent extremism and counterterrorism coordination capacities“ со Карабиниерите

Data:

14/02/2020


Инаугурација на Твининг проектот „Strengthening the prevention/counter violent extremism and counterterrorism coordination capacities“ со Карабиниерите

На 14 февруари во Владата се одржа инаугурацијата на Твининг проектот „Strengthening the prevention/counter violent extremism and counterterrorism coordination capacities“, финансиран од ЕУ и за кој Карабиниерите се изведувачи, во соработка со компанијата „in house“ на Министерството за економија и финансии „Studiare Sviluppo“.

На настанот беа присутни и Министерот за внатрешни работи, Наќе Чулев, Генералот на дивизија Паскуале Анџелосанто, Командантот на Специјалната оперативна група на карабиниерите (РОС) и Шефот за соработка на Делегацијата на ЕУ во Скопје, Никола Бертолини. Поздравни говори одржаа и Полковникот на Карабиниерите Никола Конфорти, лидерот на проектот, Потполковник на Карабиниерите Масимо Пани, резидент експертот, македонскиот национален координатор за борба против тероризмот Борче Петревски, Шефот на новоформираната Агенција за национална безбедност, Амб. Виктор Димовски и Заменик директорот за јавна безбедност на МВР Бесир Дехари.

Бертолини ја отвори церемонијата говорејќи за актуелноста на темата анти-тероризам и важноста на вклучување на граѓанското општество, исто така, во смисла на посакуваниот брз почеток на преговорите за пристап на Северна Македонија во ЕУ. Министерот Чулев ги пренесе честитките од македонската Влада и им се заблагодари на Европската унија, Италија и на Карабиниерите за нивниот важен придонес.

Во својот говор, Амбасадорот Ромео, покрај тоа што ја потврди целосната поддршка на Амбасадата за проектот, потсети на националната и меѓународната улога на Карабиниерите во борбата против меѓународниот и политичкиот тероризам на национално ниво (од 1970-тите години). Карабиниерите, дел од разни и тешки ситуации, претставуваат ефикасен модел признат низ целиот свет, чие знаење ќе биде достапно за македонските партнери. Во овој поглед, Амбасадорот се надева на максимална соработка од сите вклучени македонски страни, вклучително и граѓанските организации, за институциите да можат ефективно да ја искористат оваа единствена можност да соработуваат во близок контакт со нашите Карабиниери во особено чувствителни и тешки сектори. Високо ценет говор имаше и Генералот Анџелосанто, во кој тој го опиша италијанскиот оперативен модел за превенција и репресија на тероризмот, особено во однос на надлежностите на оперативната група РОС. Генералот ги спомена техничките детали на проектот и оперативните процедури, со што веќе ги прецизираше можните и посакуваните резултати кои можат да се постигнат во однос на подобрување на оперативните способности на контра-тероризмот во Северна Македонија.

Од сите говори земени се некои основни елементи, особено потребата за координиран повеќеслоен пристап и наднационална визија за борба против тероризмот и организираниот криминал, особено во Западен Балкан. Како заклучок, церемонијата на инаугурација беше целосно успешна и претставуваше јасна подготвеност на сите вклучени страни да соработуваат на најдобар начин.


386