Questo sito usa cookie per fornirti un'esperienza migliore. Proseguendo la navigazione accetti l'utilizzo dei cookie da parte nostra OK

„Фарнезина„ е активна за точно информирање во странство

Data:

27/02/2020


„Фарнезина„ е активна за точно информирање во странство

Пристапот кој италијанската влада го дава кон епидемиолошката вонредна состојба од КОВИД-19 беше навремен, како што потврдија и СЗО и ЕУ, но пред сè се заснова на максимална транспарентност и јасност кон националната заедница и меѓународните партнери. Ние, исто така, работиме со соседите за да развиеме усогласени протоколи и споделени активности за контроли врз лицата кои влегуваат во нашите земји. Сведоци сме на загрижувачко ширење на неточни и алармантни вести за здравствената состојба во нашата земја што не ја отсликува реалноста на феномен на зараза кој останува значително ограничен на некои мали области ограничени на неколку Региони.
Министерството вчера го издаде првиот дневен извештај испратен до целата италијанска дипломатско-конзуларна мрежа, за нашите амбасади и конзулати да можат да пренесат точни и транспарентни информации низ целиот свет за реалното влијание на Коронавирусот во Италија, со прецизни податоци и добро дефинирани локации кои континуирано се следат.
Дејствувањето на нашата Земја е и ќе остане засновано на максимална транспарентност кон меѓународната заедница. Во исто време, Министерството за надворешни работи и меѓународна соработка се заложува да се спречи ширењето на невистинити и непрецизни пораки и информации што можат да влијаат врз одлуките на здравствените власти на нашите партнери во однос на патните и работните програми на нивните граѓани во области на нашата земја кои само маргинално и индиректно се погодени од заразата со многу ограничен и изолиран број на инфекции.

http://www.viaggiaresicuri.it/

https://www.esteri.it/mae/it/sala_stampa/archivionotizie/approfondimenti/farnesina-al-lavoro-per-una-corretta-informazione-all-estero.html?fbclid=IwAR0oVd7q4faFQ6y1w8ddwpM0TKy1RpvtFgGoYbKC9EHJz9_sOBvLL1NAh7I

2020 02 26 map


388