Questo sito usa cookie per fornirti un'esperienza migliore. Proseguendo la navigazione accetti l'utilizzo dei cookie da parte nostra OK

Вонредна состојба поради COVID - 19 - Коронавирус

Data:

25/02/2020


Вонредна состојба поради COVID - 19 - Коронавирус

Во врска со ширењето на вирусот „COVID - 19„ („коронавирус“),се известува дека македонското Министерство за здравство објави вчера, на 24 февруари 2020 година, посебни контролни мерки за сите патници кои влегуваат во Северна Македонија. На воздушните и копнените граници, сите патници ќе бидат проверени, проверка која во моментов се ограничува на вербални прашања. Подготвен е посебен прашалник што ќе им биде доставен на патниците од граничната полиција или царинските службеници за да се идентификуваат факторите на ризик (почнувајќи од потеклото или транзитот во областите кои се најмногу погодени од епидемијата). Ако некое лице има сомнителни симптоми или имало потенцијални контакти со болни луѓе, ќе помине соодветни здравствени тестови извршени од обучен медицински персонал во специјално опремени структури на аеродромите или на границите. Евентуални потврдени случаи на зараза од КОВИД-19 ќе бидат третирани според протокол кој предвидува изолација во државните болници во Скопје, Велес, Штип и Гостивар.

Македонското Министерство за здравство исто така советува да не се патува во регионите на Северна Италија, освен во случаи на неопходна потреба. Некои приватни училишта во Скопје ги замолија семејствата кои неодамна патувале во Северна Италија, по повод зимските празници, да ги задржат своите деца на двонеделен „доброволен карантин“, дома и да избегнат да ги пратат на училиште.

Во моментов не се воведени дополнителни рестриктивни мерки, како што е суспендирање на летовите до и од Италија или форми на задолжителен карантин при влез во земјата. Амбасадата на Италија во Скопје постојано ќе известува за сите евентуални нови мерки од македонските власти, со кои е во постојан контакт.


387