На 18 ноември во Скопје се одржа церемонија за доделување на техничка опрема корисна за научно-форензички активности и особено за активности на инспекција на местото на настанот, донирани како дел од иницијативите на проектот ИПА 2017 „Поддршка на иницијативата за борба против сериозниот криминал на Западен Балкан„, спроведени од италијанското Министерство за внатрешни работи. Церемонијата се одржа во присуство на вицепремиерот и Министер за внатрешни работи Оливер Спасовски, началникот на полицијата Сашо Тасевски и одговорниот на проектот, д-р Џенаро Каполуонго, виш директор на државната полиција.
Во оваа прилика, Министерот Спасовски изрази благодарност до италијанската влада за примената донација и изрази големо задоволство од добиените резултати благодарение на поддршката на ИПА 2017, што се смета за една од најважните и валидни алатки за помош во борбата против транснационалниот организиран криминал. Спасовски, исто така, сакаше да и се заблагодари на Амбасадата за блискоста и конкретната поддршка која Италија и ја покажува на Северна Македонија во нејзиниот пат кон европските интеграции.