Од 18 до 23 ноември и во Скопје ќе се одржи IV Недела на италијанската кујна во светот, во организација на италијанските Амбасади, Конзулати и Институти за култура низ целиот свет, под раководство на Министерството за надворешни работи и меѓународна соработка.
Главната тема на ова издание е: „едукација за исхраната: култура на вкусот“, важноста на медитеранската диета како здрав начин на живот и балансиран модел на исхрана достапен за сите.
И оваа година програмата на настани кои ги организира Амбасадата на Италија во Скопје е многу богата.
Конкретно, Амбасадата ќе биде домаќин на професори и млади готвачи од Институтот за високо образование од областа на хотелиерството „ Ancel Keys“ од Кастелнуово Чиленто (Салерно), кои ќе бидат вклучени во активности за обука и соработка со нивните македонски колеги и ќе подготват менија засновани на типични и традиционални јадења, но и со поглед кон модерните времиња, како што е настанот „Аперичена“ (италијанска верзија на afterwork) и неаполитанската„улична храна“.
Другите настани ќе се фокусираат на промоција и вкус на еногастрономски производи од разни италијански региони.