Questo sito usa cookie per fornirti un'esperienza migliore. Proseguendo la navigazione accetti l'utilizzo dei cookie da parte nostra OK

Средба на Претседателот Пендаровски со Претседателот на Парламентот Фико

Data:

16/11/2019


Средба на Претседателот Пендаровски со Претседателот на Парламентот Фико

За време на неговата посета на Рим, Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, на 6 ноември се состана со Претседателот на Парламентот, г. Роберто Фико, заблагодарувајќи му се и за неодамнешната ратификација на Протоколот за пристапување во НАТО на Скопје од страна на италијанскиот Парламент. За Северна Македонија - истакна претседателот Пендаровски - неопходно е да се биде дел од Атлантската алијанса, поволен услов за стабилност, безбедност и економски развој.

Претседателот Пендаровски изјави дека сите етнички компоненти на земјата се залагаат за европска и атлантска интеграција, што е фактор на кохезија и единство, а не поделба. Пендаровски повика на завршување на Коридорот 8, кој е од голема корист за регионот во однос на инфраструктурата и поврзаноста; во оваа смисла, Италија би била на најдобра позиција да учествува и да го даде својот важен придонес.

Од своја страна, Претседателот Фико ја потврди поддршката на италијанскиот парламент за европска интеграција на Скопје и регионот, исто така, како противотров за враќање на опасните национализми и ја истакна важноста на билатералните парламентарни односи. Претседателот Пендаровски во Сенатот се сретна со претседателот на XIV постојана комисија за политики на ЕУ, Сенаторот Еторе Антонио Ликери и со претседателот на билатералниот оддел за меѓупарламентарни пријателства Италија – Земји на Западен Балкан, Сенаторот Лучано Д’Алфонсо. На состанокот беше присутна и Сенаторката Ема Бонино.

Во оваа прилика, Претседателот Пендаровски се заблагодари на Италија („искрен пријател“), нејзините Влада и Парламент за силната поддршка за евроатлантските аспирации на Северна Македонија, особено споменувајќи го ратификувањето на Протоколот за пристапување во НАТО. Северна Македонија заслужува започнување на преговори со ЕУ.


373