Questo sito usa cookie per fornirti un'esperienza migliore. Proseguendo la navigazione accetti l'utilizzo dei cookie da parte nostra OK

Претседателот Матарела се сретна со македонскиот Претседател Пендаровски (Рим, 6 ноември 2019)

Data:

13/11/2019


Претседателот Матарела се сретна со македонскиот Претседател Пендаровски (Рим, 6 ноември 2019)

На 6 ноември во Претседателската Палата Квиринале, Претседателот на Републиката, Г-дин Серџо Матарела, го прими Претседателот на Република Северна Македонија Стево Пендаровски, по повод првата официјална посета на Италија од почетокот на неговиот мандат од минатиот мај. Претседателот беше придружуван од Заменик Министерот за надворешни работи и меѓународна соработка Емануела Дел Ре.
За време на исклучително срдечната средба, двајцата Претседатели ги истакнаа извонредните билатерални односи, на политичко, економско и културно ниво, исто така и по неодамнешното воведување на италијанскиот јазик како втор изборен странски јазик во македонскиот училишен систем, изразувајќи желба за нивно натамошно засилување.
Претседателот Пендаровски ја дефинираше Италија како „најдобриот предводник на евроатлантската перспектива на Западен Балкан“, заблагодарувајќи се за конкретната поддршка за европските аспирации на Северна Македонија изразена од највисоките италијански власти, веднаш по негативната одлука на Европскиот совет минатиот октомври. Особено, изрази голема благодарност за иницијативата на Италија да го задржи вниманието на ова прашање а особено за можноста за отворање пристапни преговори со Скопје.
Претседателот на Северна Македонија и се заблагодари на Италија исто така и за завршување на законодавниот процес на нацрт-законот за ратификација на Протоколот за пристапување на Северна Македонија во НАТО.
Претседателот Матарела неодамнешната одлука донесена во Брисел ја нарече „грешка и невнимателен чекор“, која ќе треба да се поправи што е можно поскоро и ја потврди важноста Европската унија да го заврши процесот на проширување на Западен Балкан, за да се промовира стабилноста на регионот како и да се спречи повторното појавување на опасни национализми.


372