Questo sito usa cookie per fornirti un'esperienza migliore. Proseguendo la navigazione accetti l'utilizzo dei cookie da parte nostra OK

25 ноември: Меѓународен ден за елиминација на насилството врз жените

Data:

25/11/2019


25 ноември: Меѓународен ден за елиминација на насилството врз жените

Италија ја потврдува својата цврста посветеност во борбата против сите форми на дискриминација и насилство врз жените, што и понатаму претставува сериозна и неприфатлива пречка за уживање на правата на жените и нивно целосно лично исполнување. Приоритетна заложба на надворешната политика на нашата земја, која Министерството за надворешни работи ја спроведува како на дипломатско-преговарачко ниво така и во областа на развојната соработка. Доказ за ова се бројните меѓународни кампањи, како оние за искоренување на осакатувањето на гениталиите кај жените и на раните и присилни бракови, за што Италија е секогаш во прв план.

По повод Меѓународниот ден за елиминација на насилството врз жените, Министерството за надворешни работи и нејзината мрежа во странство се придружуваат кон кампањата за подигнување на свеста #OrangetheWorld, промовирана од UN Women, која во 2019 година е насочена кон борбата против силувањето, форма на родово насилство која е особено омразена и широко распространета, од кој една од три жена во светот била жртва во нејзиниот живот. Кампањата ќе биде поврзана и со хаштагот #GenerationEquality кој, потсетувајќи се на дваесет и петтата годишнина од Декларацијата во Пекинг за жените, ги поканува сите да преземат важни нови чекори кон родовата еднаквост: цел што, до денес, ниту една земја во светот не може да каже дека ја постигнала.

Заложбата на Италија за елиминирање на родово базирано насилство

Италија е активно вклучена во промовирање на правата на жените, девојките и девојчињата, во билатерални односи со другите држави, во меѓународните организации и во програмите за развојна соработка, за целосна реализација на целта за одржлив развој СДГ 5 од Агендата 2030 година. Превенцијата и борбата против сите форми на насилство врз жените е исто така меѓу приоритетите на тековниот мандат на Италија во Советот за човекови права на Обединетите нации (2019-2021).

Во последниве денови, на Самитот во Најроби за дваесет и петгодишнината од Меѓународната конференција за население и развој (ICPD), Италија објави нови заложби во области кои отсекогаш биле приоритети, како на пример борбата против сериозно штетните практики како што е осакатување на женските гениталии и раните и присилни бракови, кои вклучуваат нарушување на интегритетот на физичкото и менталното здравје на жените и девојчињата, како и за намалување на смртноста на мајките и за еманципација на младите жени во однос на сексуалното и репродуктивното здравје. Националниот стратешки план за насилството на мажите врз жени 2017-2020 година, со кој се спроведува Истанбулската конвенција против насилство врз жени и семејно насилство, исто така вклучува важни заложби за заштита на жените и девојчињата.

Италија, исто така, поддржува меѓународни иницијативи за спречување и борба против сексуално и родово засновано насилство во судири и вонредни состојби (вклучително и Call to Action on Protection from Gender-Based Violence in Emergencies), како и во соработката за развој и хуманитарна помош (на пример, годинашната препорака на OCSE-DAC). Италија долго време се залага за промовирање на политика со нула толеранција за сексуална злоупотреба и експлоатација извршена од воени и цивилни лица, вклучени во мировни мисии на ООН.


376