Questo sito utilizza cookie tecnici, analytics e di terze parti.
Proseguendo nella navigazione accetti l'utilizzo dei cookie.

Preferenze cookies

Семинар за ЕМДР терапија („Eye Movement Desensitization and Reprocessing“) за управување со психологијата во случај на кризни настани

На 8 октомври на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ од Скопје, од соработката помеѓу Амбасадата и Филозофскиот факултет при гореспоменатиот Универзитет, Комората на психолози на Северна Македонија, Здружението ЕМДР Италија и ЕМДР Европа, се одржа „ЕМДР Семинар: State of art and perspectives”, реализиран од страна на Амбасадата во соработка со д-р Елизабета Мотино. На семинарот учествуваа околу 150 учесници, вклучувајќи психолози, универзитетски професори по психологија и бројни студенти. Професионалците беа од цивилната и од воената сфера, изразија голем интерес за пристапот кон овој вид терапија и се надеваат на шанса да имаат пристап до обука за истата. Иницијативата им овозможи на професионалците и професорите по психологија да се запознаат со терапијата ЕМДР („Eye Movement Desensitization and Reprocessing“, „Десензибилизација и обработка преку движењата на очите“) која се користи низ целиот свет а сè уште не е пристигната во Северна Македонија.

На отворањето на настанот, Ректорот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, проф. Никола Јанкуловски и Деканот на Филозофскиот факултет, Ратко Дуев, се заблагодарија на Амбасадата за посветеноста кон промовирање и ширење на овој иновативен терапевтски пристап во Земјава, со надеж да се оствари можноста за обука на македонските психолози. И Претседателот на македонската Комора на психолози се заблагодари на Амбасадата за можноста локалните психолози да се запознаат со овој иновативен терапевтски пристап, многу корисна алатка во држава која се соочила со земјотреси и почеток на граѓанска војна (во 2001 г.). Амбасадорот Ромео потсети на посветеноста на здружението ЕМДР во Италија во случаи на големи трагедии, како на пример, земјотресите во Аквила и Аматриче, рушењето на училиштето во Сан Џулијано во Пуља и неодамна рушењето на Мостот Моранди во Џенова, повикувајќи на идна соработка со македонските власти и здруженија.

Говорниците Изабел Фернандез (Претседател на ЕМДР Италија и ЕМДР Европа) меѓународно познат психотерапевт и Марко Пагани (постар истражувач на Институтот за когнитивни науки и технологии на Националниот Истражувачки Центар) ги изложија теоретските и научните основи на терапијата ЕМДР од психолошка и невролошка гледна точка. Д-р Фернандез зборуваше за полињата за употреба на ЕМДР, тоа се сите ситуации во кои индивидуата е изложена на трауматска ситуација, како од непредвидливи надворешни настани, како што се земјотреси, војни и терористички напади, така и од настани од релационен карактер како што се занемарување од родители, сексуална злоупотреба, малтретирање. Таа, исто така, ја истакна врската помеѓу изложеноста на трауматски настан и развојот на психопатологија (депресија, шизофренија) и физичка патологија (мозочен удар, срцев удар, тумор) доколку не се третира траумата. Г-ѓата Фернандез прецизираше дека не е самиот настан тој кој ја генерира траумата, туку сеќавањето на настанот, затоа терапијата со ЕМДР, со билатерална стимулација, со одредена електрична активност на мозокот слична на онаа на спиењето во фазата Рем, поттикнува обработка на сеќавањето за да може да се интегрира во системот на сеќавања и значења на личноста. Д-р Пагани објасни кои се областите на мозокот кои се најмногу вклучени во обработката на трауматската меморија (амигдала, хипокампус, лимбичен систем) и покажа како спроведените студии покажале многу значајна промена на активноста по терапијата со ЕМДР од регионите на лимбичниот систем, кои се со висока емотивна вредност, кон кортикалните региони кои се со поголема когнитивна и асоцијативна вредност. Ова го потврди постоењето на силната невробиолошка компонента на ЕМДР со што се поддржува нејзината ефикасност како изборен пристап за третман на траума.

На семинарот присуствуваше Началникот на Генералштабот за одбрана на Северна Македонија, генерал потполковник Ѓурчиновски, кој изрази желба да ги обучи психолозите и воените психијатри за методот ЕМДР, исто така како подготовка за новите предизвици кои ќе се појават со влезот на Земјата во НАТО. На крајот на сите учесници, кои го побараа, им беше издаден сертификат за учество од страна на Здружението ЕМДР Европа (кое брои 31 земја). Настанот, за којшто имаше многу изјави за благодарност, ја откри потребата на македонските психолози и психијатри за квалификувана обука во областа на психологијата во кризни настани како за управување со граѓански така и со воени итни случаи. За таа цел, а со оглед на успехот на иницијативата, се разгледа можноста за организирање на курсеви за обука за ЕМДР терапија.