Questo sito usa cookie per fornirti un'esperienza migliore. Proseguendo la navigazione accetti l'utilizzo dei cookie da parte nostra OK

Средба меѓу Премиерот Џузепе Конте и Премиерот Зоран Заев (Рим, 29 октомври 2019 година)

Data:

30/10/2019


Средба меѓу Премиерот Џузепе Конте и Премиерот Зоран Заев (Рим, 29 октомври 2019 година)

На 29 октомври во Рим се одржа средба меѓу Премиерот Џузепе Конте и Премиерот на Северна Македонија Зоран Заев.

Во многу срдечна атмосфера, Претседателот на Советот на Министри Конте ја потврди силната италијанска поддршка за европска и атлантска интеграција на Земјава. Северна Македонија има право да го започне својот пат кон членството во ЕУ, а Италија ја гарантира својата посветеност за остварување на овој процес. Неговото спречување би значело повторно правење „историска грешка“. Италија ќе продолжи да работи во институциите на ЕУ за создавање на соодветни услови за наскоро донесување на одлука: потребно и неопходно е да се започнат преговорите што е можно побрзо. Премиерот Конте потсети дека Италија „отсекогаш ја поддржува интеграцијата“ на Западен Балкан во ЕУ; се работи за „регион од круцијално значење за безбедноста и стабилноста на Европа и на Медитеранот“.

На последниот Совет на Европа „сакавме да го видиме започнувањето на преговорите за пристап кон ЕУ, вашата Земја, никогаш како оваа година, го заслужи крајот на ова долго чекање во претсобјето кое трае од 2005 година. Постојат 35 поглавја за верификација: ги има сите гаранции да овозможиме процесот да се одвива со сите потребни проверки и во поглед на ова мора да ги разбереме конкретните причини за незапочнувањето на овој пат“. Ние како Италија „ќе продолжиме да работиме„ во оваа насока, бидејќи„ европска интеграција е единствената можна опција“, како што неодамна потврдија сите лидери на политичките партии во Северна Македонија. Претседателот на Советот Конте испрати порака до македонскиот народ: „Не дозволувајте да бидете обземени од чувствата на неизвесност и разочарување: Италија ве поддржува„. Намерата е дискусијата да се продолжи што е можно поскоро и да се работи со други земји на ЕУ за надминување на сите забелешки и создавање на услови.

Од своја страна, Премиерот Заев му се заблагодари на Претседателот на Советот Конте за неговите дела и ги пофали напорите на Италија за почеток на преговорите за пристапување. Италија „е клучен партнер на Северна Македонија, секогаш блиску до нас од нашата независност.“ Незапочнувањето на преговорите е „историска грешка“ која „може да се поправи и ние сме подготвени да соработуваме. Сакаме да ги подобриме односите со соседните земји и да ја направиме нашата земја модерна земја. Сакаме да ги создадеме сите услови за еден ден да бидеме дел од ЕУ, како што бараат 85% од нашите граѓани“, рече тој на заедничката прес-конференција.

За време на средбата меѓу двајцата премиери беше потенцирана извонредноста на билатералните односи; вкупната размена меѓу двете земји и италијанскиот извоз е на двоцифрен раст во последните неколку години и веќе постои мошне угледна трговија (околу 615 милиони евра во 2018 година), веќе во пораст во првите шест месеци од 2019 година: има уште многу простор за зајакнување на економско-трговската соработка и на италијанските инвестиции. Конкретни интереси за италијанските компании кои можат да ги развиваат своите активности во инфраструктурата, енергетиката, животната средина, одбраната. Претседателот на Советот искажа особена почит кон промовирањето на италијанскиот јазик и култура. Можноста италијанскиот јазик да се изучува како втор странски јазик по избор во македонските училишта „е вест што ме трогна“, рече италијанскиот Премиер, кој исто така потсети на 60-годишнината од студиите по италијански јазик на престижниот Универзитет „Св. Кирил и Методиј “од Скопје.


370