Questo sito utilizza cookie tecnici, analytics e di terze parti.
Proseguendo nella navigazione accetti l'utilizzo dei cookie.

Preferenze cookies

Голем успех во Скопје на првата меѓународна етапа на кампањата „Una vita da social – Живот на социјалните мрежи“ на Државната полиција за безбедност на интернет и за борбата против сајбер булингот.

На 16 октомври оваа година, врз основа на иницијатива промовирана од италијанската Амбасада, Вицепремиерот и Министер за внатрешни работи Оливер Спасовски, Министерот за образование и наука, Арбр Адеми и Министерот за информатичко општество, Дамјан Манчевски, заедно со Амбасадорот Ромео, се сретнаа со претставниците на италијанската Државна Полиција (Поштенска и Полиција за безбедност во комуникациите) во Скопје, благодарение на соработката со Филмскиот фестивал за млади „Џифони Македонија“ – кој го прослави своето седмо издание – за првата меѓународна етапа на проектот „Una vita da social – Живот на социјалните мрежи“ најважната патувачка едукативна кампања во областа на подигање на свеста и спречување на ризиците и опасностите од интернет за малолетни лица (Безбеден интернет центар) и борбата против сајбер булингот.

Во овие шест години, Поштенската и Полицијата за безбедност во комуникациите ја посетија цела Италија, и остварија средби со ученици, професори и родители, со една единствена цел: да нема повеќе жтрви на сајбер булингот и на другите видови на злоупотреби поврзани со искривената употреба на модерните начини на комуникација, феномени кои се повеќе се шират. До денес, во Италија се одржаа средби со над 2 милиони ученици, 220.000 родители, 125 професори, во вкупно 17.000 училишта во 300 градови.

Во Скопје, во само 4 дена, заменик-началникот Масимилијано Мормоне, Комесарот Марко Валерио Червелини и Вишиот Инспектор, Роберта Манцо, се сретнаа со над 1200 ученици, млади студенти и наставници од околу 20 училишта во Скопје и го илустрираа значењето на проектот на италијанската полиција, привлекувајќи голем интерес кај младите луѓе, за што сведочат и говорите на тројцата министри, кои топло им се заблагодарија на Амбасадата на Италија и на Државната полиција за оваа иницијатива, досега единствена од ваков вид, како и бројните прашања кои момчињата и девојчињата ги поставуваа. Претставниците на Државната поштенска полиција и на полицијата за безбедност во комуникациите, исто така се сретнаа со околу 40 колеги од македонската полиција и со претставници на невладини организации активни во тој сектор, на кои го илустрираа проектот, потврдувајќи ги одличните билатерални односи во областа на полициската соработка.