Questo sito usa cookie per fornirti un'esperienza migliore. Proseguendo la navigazione accetti l'utilizzo dei cookie da parte nostra OK

Академијата за Изведувачки Уметности Театар Скала нуди стипендии за учебната 2019-2020

Датум:

04/09/2019


Академијата за Изведувачки Уметности Театар Скала нуди стипендии за учебната 2019-2020

Министерството за Надворешни Работи и Меѓународна Соработка, заедно со
Академијата за Изведувачки Уметности Театар Скала, нуди два типа на
стипендии за академската 2019-2020 година. Во првиот тип се овозможуваат
11 стипендии за периодот од 9 месеци и се однесува на млади оперски пеачи
од странство кои ќе ги положат приемните испити по оперско пеење при
Академијата за Уметност. Датумот на отпочнување на стипендиите е 1
јануари 2020, а месечниот придонес изнесува 900€. За дополнителни
информации можете да ја консултирате интернет страната на Академијата
каде што кандидатите ќе можат да го испратат нивното барање од 4
септември до 11 октомври оваа година.
Вториот тип се однесува на 5 стипендии за постдипломски студии во
насоката „Performing Arts Management” и ќе биде отворен за прием на барање
до 4 септември за кандидатите од земјите што не се членки на Европската
Унија, а до 1октомври за кандидатите од земјите кои припаѓаат на
Европската Унија. Ги упатуваме сите заинтересирани да го испратат нивното
барање не подоцна од 1 октомври.
Петте стипендии ќе бидат доделени за период од 6 месеци, со почеток од 1
јануари 2020 и подразбираат месечен придонес од 900€. Целта на овој
постдипломски курс е да обучи професионалци со високо ниво на одделни
менаџерски и економски вештини соодветни за светот на изведувачките
уметности.
Сите заинтересирани можат да најдат дополнителни информации и да ја
поднесат нивната кандидатура на интернет страната на Академијата за
Изведувачки Уметности Театар Скала:https://accademialascala.it/news/guida-iscrizione-selezioni

 

 

 


361