Новата Европска Комисија, монетарната политика и можната прекршочна постапка против Италија, Брекзит, Западен Балкан и предизвиците на Унијата. Овие, накусо, се темите кои ги спомена Премиерот Џузепе Конте, кој говореше на 19 јуни во Долниот Дом на Парламентот, во пресрет на Европскиот совет од 20-21 јуни 2019 година.
Што се однесува до проширувањето, "процес за кој Италија традиционално е поддржувач, бидејќи веруваме дека тоа е важен двигател за промовирање на мирот и стабилноста, просперитетот и безбедноста и во нашето соседство, за геостратешкиот интерес на целиот континент", за Претседателот Конте е "од суштинско значење за зачувување на кредибилитетот на процесот на проширување, како поддржувајќи го натамошниот напредок на Србија и Црна Гора во преговорите за пристапување, така и работејќи за до октомври оваа година - временска перспектива која токму вчера Советот за општи работи ја одлучи - да може да има одлука во корист на отворањето на преговорите за пристап со Албанија и Република Северна Македонија. Брзиот почеток на пристапните преговори со Тирана и Скопје ќе даде сигнал за силното внимание на Европа кон целиот регион, давајќи им нов импулс на европската перспектива на овие две земји и на тој начин ќе придонесе да се избегне одалечување од патот на прогресивната интеграција, а исто така и од перспективата на поголема регионална стабилност ".
Изјава на Премиерот во Долниот Дом на Парламентот во пресрет на Европскиот совет од 20 и 21 јуни 2019 година (целосен говор)