Questo sito usa cookie per fornirti un'esperienza migliore. Proseguendo la navigazione accetti l'utilizzo dei cookie da parte nostra OK

Инаугурација во Битола на споменикот за сеќавање на италијанските војници кои се бореле на македонскиот Фронт во Првата светска војна (1916-1918)

Датум:

30/03/2019


Инаугурација во Битола на споменикот за сеќавање на италијанските војници кои се бореле на македонскиот Фронт во Првата светска војна (1916-1918)

На 29 март во Битола беше инаугуриран споменикот посветен на сеќавањето на италијанските војници од 35-та пешадиска дивизија испратени да се борат на македонскиот фронт во Првата светска војна. Контингент составен од повеќе од 50.000 поединци (повеќе од еден армиски корпус), иако задржувајќи го официјалното име "Дивизија", контингент кој броел речиси 3.000 загинати и над 5.000 повредени и исчезнати. Придонесот од крв и вредности, но исто така и логистички и оперативен придонес (се уште се видливи многу артефакти направени од страна на исклучителната италијанската армија во тие години) на италијанците на македонскиот фронт бил одлучувачки, како што потенцирала и француската команда одговорна за операциите на сојузничките сили во тоа време на овој фронт. Историја на жртви и чест, историја помалку позната од таа за алпскиот фронт, но токму поради оваа причина вреди да се запамети и да се одбележи.


346