Questo sito usa cookie per fornirti un'esperienza migliore. Proseguendo la navigazione accetti l'utilizzo dei cookie da parte nostra OK

Посета на Генералниот Секретар на Централно Европската Иницијатива (ЦЕИ), Роберто Антонионе

Data:

13/02/2019


Посета на Генералниот Секретар на Централно Европската Иницијатива (ЦЕИ), Роберто Антонионе

На 4 и 5 февруари во Скопје се оддржа посетата на новоизбраниот Генерален Секретар на Централно Европската Иницијатива (ЦЕИ), Роберто Антонионе, кој оствари низа презентации во сите главни градови на членките на Иницијативата. Во Македонија следеше многу интензивна програма на средби, почнувајќи од тие со Премиерот Заев и Претседателот на Парламентот, Талат Џафери, со Министрите за култура, образование и транспорт, со Заменик-Министерот за надворешни работи (бидејќи Министерот Димитров беше отсутен на службено патување во САД), како и со пратениците членови на Парламентарната делегација на ЦЕИ. Сенаторот Антонионе го придружуваа Заменик-генералниот секретар Нина Кодеља, Вишите извршни претставници Лидија Арсова и Паола Планкер и Проектменаџерот на Фондот ЦЕИ-ЕБОР Елизабета Довиер. Амбасадата, со оглед на улогата на Италија како овогодишен Претседавач на Иницијатива, беше во придружба на посетата во фазата на планирање како и за време на средбите.

Посетата беше отворена со приемот што Амбасадорот Ромео го организираше во Резиденцијата за Делегацијата на ЦЕИ, на кој присуствуваа Заменик Министерот за надворешни работи, Андреј Жерновски, претставници на локалното МНР одговорни за ЦЕИ и Шефовите на мисија акредитирани во земјата од земјите членки на ЦЕИ.

Меѓу темите за кои се разговараше за време на состаноците со министрите беа подобрувањето на македонскиот образовен систем како еден од патиштата кои треба да се поминат во процесот на приближување кон Европа, исто така преку активности промовирани од ЦЕИ поврзани со образованието, училиштето и науката, како на пример размена на искуства и поврзување меѓу истражувачите и посети на Научниот центар во Трст во поглед на важниот настан " Euroscience open forum" што ќе се одржи во Трст во 2020 година.

Понудата за соработка ја повтори и Генералниот Секретар Антонионе исто така и на средбата со Министерот за транспорт, Горан Сугарески, на тема поврзаност, особено долж Трансевропските Коридори 8 и 10. Соработниците на Министерот Сугарески изразија голем интересен за интензивирање на учеството на Македонија во можностите што ги нуди Фондот ЦЕИ-ЕБОР, особено за проекти за техничка помош и за градење капацитети.

Претседателот на Собранието, Талат Џафери, се фокусираше пред се на надежта дека Советот на ЕУ следниот јуни ќе одлучи да ги отвори пристапните преговори со Македонија, признавајќи го напорот на актуелната влада за националната политика и огромните напори во областа на реформите. ГС Антонионе посочи дека храбрата политика насочена кон решавање на билатералните спорови воведена од Владата на Заев може да биде пример за другите балкански земји.

Многу пријателска средба со премиерот Зоран Заев, кој понуди широка соработка во поглед на организирањето ("сакаме да ја искористиме ЦЕИ како инструмент за подобрување на односите во регионот и во тоа можеме да бидеме пример"), особено за време на италијанското претседателство бидејќи од суштинско значење е да се зголеми соработката во сите сектори, како што се инфраструктурата, поврзаноста, дигиталната агенда, образованието - благодарение на регионалните иницијативи. Ова беше уште една можност за Заев да ја нагласи "големата благодарност" кон Италија ("која секогаш нè поддржува и кон која чувствуваме искрено пријателство") и нејзината традиционална улога во регионот и во ЕУ. Од своја страна, Антонионе ја повтори поканата за "користење" на ЦЕИ ("ние сме подготвени да помогнеме со конкретни проекти").

Мисијата заврши со средбата и работниот ручек помеѓу Делегацијата на ЦЕИ и Заменик-Министерот за надворешни работи Андреј Жерновски, при што се дискутираше за теми на техничко-оперативно ниво, за можностите што ЦЕИ може да и ги понуди на Македонија на патот на реформите. Во овој и во поглед на јуни, Жерновски ја потенцираше важноста на критериумот заснован на "заслуги", а посебен интерес изрази за активностите за "градење на капацитетите" и за техничка помош во конкретни проекти, преку кои ќе се справат со пречките кои сè уште се присутни во македонската административна машина, во однос на процедурите и на човечкиот капитал.


326