Questo sito usa cookie per fornirti un'esperienza migliore. Proseguendo la navigazione accetti l'utilizzo dei cookie da parte nostra OK

Претседателот на Националната антикорупциска управа (Autorità Nazionale Anticorruzione - ANAC), Рафаеле Кантоне, во посета на Скопје

Data:

22/02/2019


Претседателот на Националната антикорупциска управа (Autorità Nazionale Anticorruzione - ANAC), Рафаеле Кантоне, во посета на Скопје

На 21 и 22 февруари, Претседателот на Националната антикорупциска управа (ANAC), Г-дин. Рафаеле Кантоне го посети Скопје. Посетата се одржа неколку недели по одобрувањето на новиот закон за антикорупција (и конфликт на интереси) од страна на Собранието на Северна Македонија и неколку дена по назначувањето на новата Државна комисија за спречување на корупцијата (ДКСК).

За време на неговиот престој во Скопје, Претседателот Кантоне се сретна со Премиерот Зоран Заев, Министерот за правда Г-ѓа Рената Дескоска и со членовите на новата ДКСК, на кои им изрази широка подготвеност за соработка, билатерална, како и соработка во рамките на Европската мрежа на антикорупциски органи.

Во фокусот на посетата беше Конференцијата организирана од Амбасадата на 22-ри февруари, во соработка со мисијата на ОБСЕ во земјава (на тема "Institutional reforms for the fight against corruption and best practices towards a European model: the Italian example") на која беше претставен италијанскиот модел за превенција и борба против корупцијата, врз основа на законот 190 од 2012 година и за улогата на „ANAC„, при што Кантоне беше главен говорник во присуство на Премиерот, Вицепремиерот, Министерот за внатрешни работи, Министерот за правда и на други претставници на највисоките органи на Северна Македонија надлежни за оваа тематика.

 


337