Questo sito utilizza cookie tecnici, analytics e di terze parti.
Proseguendo nella navigazione accetti l'utilizzo dei cookie.

Preferenze cookies

Комеморативна церемонија по повод Меѓународниот ден на сеќавање на Холокаустот во Скопје и Италијанско претседателствосо „IHRA„

 

На 28 јануари оваа година, Амбасадорот Ромео учествуваше, како претставник на италијанското претседателство на „International Holocaust Remembrance Alliancе” (IHRA), на Комеморативната церемонија по повод Меѓународниот ден на сеќавање на Холокаустот во организација на македонското Министерство за надворешни работи и Амбасадата на Австрија.

На настанот свое обраќање имаа Министерот за надворешни работи Никола Димитров и неговиот литвански колега, Линас Линкевициус, во посета на Скопје; Претседателот на македонската еврејска заедница, Берта Романо-Николиќ; Ренате Коблер, Амбасадор на Австрија и Амбасадорот (во пензија) Томас Михаел Бајер, специјален претставник на Австрија во „IHRA„.

Министерот Димитров потсети на комеморативните настани од март 2018 година во Скопје, по повод 75-годишнината од депортацијата во Треблинка (и последователната смрт) на 7114 Евреи кои живееле во области кои сега се дел од Македонија (а во тоа време под бугарско-германска окупација), во кои заеднички учествуваа премиерите на Македонија Заев и на Бугарија Борисов, и на регионалната конференција “A response to Antisemitic Hate Crime and addressing the security needs of Jewish Communities”, организирана во ноември минатата година од страна на Министерството за надворешни работи на Република Македонија во соработка со ОБСЕ-ОДИХР и “Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите од Македонија”. Како потврда за посветеноста на македонските власти против антисемитизмот, тој, исто така, го истакна донесувањето од страна на Собранието на Скопје во март 2018 година, како национална референца, на “Работната дефиниција„ за антисемитизам усвоена (и предложена) од “IHRA„ во 2016 година, и покрај тоа што Македонија е членка набљудувач на Алијансата и уште не е ефективна членка.

Од своја страна, Министерот Линкевициус истакна дека “Never to be repeated” не е само слоган во Литванија, туку е придружен со конкретни активности за одбележување и зајакнување на културното и историското наследство на литванските Евреи.

Амбасадорот Бајер се фокусираше на активностите на „IHRA„ од усвојувањето на “Работната дефиниција” за антисемитизам се’ до неодамнешното усвојување, на 6 декември 2018 од страна на Советот на министри на ЕУ за правда и внатрешни работи, на Декларацијата за борба против антисемитизмот.

Во својот говор, Амбасадорот откако потсети на силната посветеност на Италија против анти-семитизмот а и во контекст на други меѓународни организации на пример со Меѓународната конференција за “Responsibility of States, Institutions and Individuals in the fight against antisemitism in the OSCE area”, која го инаугурираше во јануари 2018 година, нашето претседавање со ОБСЕ, потсети и на главните настани и активности на италијанското претседателство истакнувајќи го севкупниот успех, почнувајќи со организацијата на двете пленарни сесии, минатата година, во Рим и Ферара, под координација на Амбасадорот Сандро Де Бернардин, Шеф на италијанската делегација во „IHRA„ и Претседател на должност до 5 март оваа година.

Следеше емотивен концерт на австро-израелското Дуо Тимна Брауер и Елијас Меири на тема “Songs from Jerusalem”.