На 5-ти ноември се оддржа приемот за Денот на националното единство и Денот на Армијата на Италија, по повод 100-годишнината од победата на Виторио Венето и на примирјето со кое се стави крај на Првата светска војна на италијанско / австро-унгарскиот фронт. Голема чест за нас беше присуството на Вицепремиерот и Министер за одбрана Радмила Шеќеринска како и присуството на Генералот на косовските сили – КФОР, Генерал Д. Салваторе Куочи со неговиот персонал.