Questo sito usa cookie per fornirti un'esperienza migliore. Proseguendo la navigazione accetti l'utilizzo dei cookie da parte nostra OK

Конференција на Министри на Проектот ИПА 2017 "Борба против сериозен криминал на Западен Балкан" (Бриндизи, 29-30 октомври 2018 година)

Датум:

02/11/2018


Конференција на Министри на Проектот ИПА 2017

На 29 и 30 октомври во Бриндизи, Италија, се оддржа Конференција на Министри на Проектот ИПА 2017 "Борба против сериозен криминал на Западен Балкан" организирана од страна на Бирото за јавна безбедност на италијанското Министерство за внатрешни работи.

На конференцијата учествуваа потсекретарот за внатрешни работи, Сенаторот Стефано Кандиани и Шефот на полицијата - Генералниот директор за јавна безбедност, Префект Франко Габриели. Исто така, учествуваа делегации од шест земји од Западен Балкан. Македонската делегација беше предводена од Заменик Министерот за внатрешни работи Агим Нухиу и Директорот на бирото за јавна безбедност Сашо Тасевски.

Настанот беше полн со споредби, размислувања и билатерални состаноци, со цел да се промовира поголема регионална соработка преку оперативни платформи за борба против новите закани за внатрешната безбедност на земјите од ЕУ кои потекнуваат од организираниот криминал и меѓународниот тероризам. Беше истакната конкретната реалност на заедничките проблеми за кои се потребни заеднички решенија преку неопходна поголема размена на информации помеѓу соодветните власти и полициските сили.

Во контекст на Конференцијата, исто така, се оддржа и срдечна билатерална средба помеѓу италијанската и македонската делегација на која се потсетија на одличните односи и заедничката желба за уште поголемо зајакнување на билатералната полициска и судска соработка.

https://www.facebook.com/ItalyinMKD/photos/pcb.1765628703559405/1765627753559500/?type=3&__tn__=HH-R&eid=ARASeqhSg9xWYl3rqfhplypu-wT9V_S2Zkj1Uf6cnyxnLJ_M8RPDI5RnE0XHO1FI3XC8mOoEkA5_67wq&__xts__%5B0%5D=68.ARDTx6u8gKF74YTwkB1_ghbTyl2cKb6NMhs1xTkVQ50njKVRztEGq-rV0w3XZnwxRIZpcpfaToFRUEf1gAoX-Rf8NTnEN5T9uxy_HOA9uxYwAwQ93jh5H80AT6B97scFIKO2oozVLwBVYU_02DN4yCY1UNIK50u613arTTrdv327o-uPllwGFfNYOl5cms3-FIbu8Br2aY4CcCCgwRS8cJyGHDU

https://l.facebook.com/l.php?u=http%3A%2F%2Fwww.interno.gov.it%2Fit%2Fnotizie%2Fipa-2017-progetto-contrasto-crimine-organizzato-nei-balcani-occidentali%3Ffbclid%3DIwAR0v5CKTyi70dDNIGp9mgO97P8SOQk_Lye_WwCb6xCVp9bmMkYUZEFu0amc&h=AT2b-0O4u_XdNxbUG2Qp__RYaiALUPbKDfUiIvT1VttY2bIeViWNepNouRMrECdQ5Gs0Y_Guejb42tRB--AqXdtCq4B0wMIZokImxzKqjwN0WLPhUnJsjavy_ZzO2Z_9m-RadG-B_iWmjtzlw5aN-hAfwYSZTEJwWmdqvaKJiMtqjqg0FE2lStEFPalsb44VjZfGMCKHAMGj6Rv5zjkeCAUGD1F1LWTMyx52pli-N2MqRP5SdI03YnE3uGWkG-vDWXXEzaB32onPQNNYLDeCaQfMn7-Cs2J01eG-maq5yXUDQdAHRN-HHR6u34kl40zPpdEYGo-pQrKt4FQd6EE1In_dwLkaJ6rSBCJ9myWeHjjc8oO6TVV7BxsdAKIWgDoafXsBKB2Xkz2DhXU0DyohTedvKyd-l9dqofOl1I9M-kT0BmU6PbAmC1_2ivFYNegqsyA

https://www.facebook.com/photo.php?fbid=1939379802815674&set=pcb.1939380022815652&type=3&__tn__=HH-R&eid=ARCxvBpoE3OvA8WHT6A9o4qu-PTHNg2SA9vdMtZfWjciwX8g5AyleGkBVxzozFjKS2oGCQrPt6RAc3_V&__xts__%5B0%5D=68.ARDL-AiCdPq-WEbBns3R81QLu_-oRBuh5bVyoGZ5Nr5zVN6ZQEzy-qup1LDyXDX8mgvYp9_XCYWiK08RAX30KDx53hkaCAxNnHpEpiu-6JLPYEUtMtXhVYDv0hXDvCgdU5O2lRKf1lGXzYbQBwW-b4tcHJ61B-y28_PoXRO-_6QKc2yVMteTPFYa5FwufYODgdDKUL29iKYekC2qmE41oC0y9KM

https://www.facebook.com/photo.php?fbid=1939750706111917&set=pcb.1939651842788470&type=3&__tn__=HH-R&eid=ARBd6rvJrdJm9SfBwyEjw55fhbZodf4HTYszNVbo7o3xQgtTpniW8AM5Vm_63O42eIEdvu_VwFNwL4ds&__xts__%5B0%5D=68.ARCYu3Qaq7srOULpgE-ZWD_aj3lpNDj8cJIVcVqVNp2mhhffIpWY1qujpWu8koyQ-Pt_V2bZAk081saV4eA4aloov6yRKAVI53HYIW_MBWDDZGOPuALB-82hp22lFqwZI6jeufvsUQQVhSLSqFM4gTcSgzZ2vU8DXmCfPJEZeVlwwEge4DXRHkrq713iU-ndNZOjAsVXpYXH6tLpRKxWiB8jcy8


308