Questo sito usa cookie per fornirti un'esperienza migliore. Proseguendo la navigazione accetti l'utilizzo dei cookie da parte nostra OK

25 ноември - Меѓународен ден за елиминација на насилството врз жените

Датум:

26/11/2018


25 ноември - Меѓународен ден за елиминација на насилството врз жените

По повод Меѓународниот ден за елиминација на насилството врз жените, Италија ја потврдува својата цврста определба за промовирање на родовата еднаквост и за борбата против сите форми на дискриминација и насилство врз жените, меѓу приоритетните теми исто така и во поглед на тригодишниот мандат во Советот за човекови права на Обединетите нации, кој ќе започне на 1 јануари 2019 година.

Како и секоја година, Министерството за надворешни работи (Фарнезина) се придружува на кампањата за подигање на свеста UN Women под наслов " Orange the World " која на социјалните медиуми ќе се појави со "хаштагот" #HearMeToo, за да привлече внимание кон сведоштвата на активистите и нивните приказни со цел спречување било каква форма на насилство врз жените.

Како и во претходните години, портокаловата боја ќе биде заедничката нишка која ќе ги обедини иницијативите и настаните реализирани во рамките на кампањата. Затоа, за првпат, Седиштето на Министерството за надворешни работи (Палатата Фарнезина) ќе биде осветлено во портокалова боја вечерта на 25 ноември. Целата италијанска дипломатско-конзуларна мрежа ќе ја сподели иницијативата " Orange the world ", на своите веб-страници и социјални мрежи, во периодот почнувајќи од 25-ти ноември со крај на 10-ти декември, Меѓународниот ден на човековите права.

Италија активно е ангажирана во унапредувањето на родовата еднаквост и правата на жените, како на дипломатски план, така и во соработката за развој. Во последниве денови, благодарение и на активниот придонес на Италија, Третата комисија на Генералното собрание на Обединетите нации (одговорна за човековите права, општествените и хуманитарните прашања) донесе важни резолуции за правата на жените и, особено, за борба против насилството врз нив.

Промоцијата на родовата рамноправност и зајакнувањето на жените и натаму претставува сеприсутен приоритет на сите проекти за соработка, покрај конкретните иницијативи посветени на жените, девојките и малолетните лица, во согласност со целта на одржливиот развој на СДГ 5 од Агендата 2030 година. Оваа година, Италија, исто така, ја зголеми својата соработка со агенциите на Обединетите нации кои се занимаваат со проблематики за родовите прашања, пред сè UN Women e UNFPA.

Исто така, во рамките на "Националниот стратешки план за насилството на мажите врз жените 2017-2020", одобрен минатиот ноември во согласност со т.н. "Истанбулска конвенција" (Конвенција на Советот на Европа за спречување и борба против насилството врз жените и семејното насилство), Италија се вклучи во проекти за женска еманципација и во програми за борба против сите форми на насилство врз жените и девојките, особено во однос на неприфатливите практики како што се мутилација на женските гениталии и прераните и присилни бракови.

Италија, исто така, ги поддржува меѓународните иницијативи за спречување на сексуалното и родовото насилство во ситуации на конфликт и вонредни состојби, вклучувајќи го и " Call to Action on Protection from Gender-Based Violence in Emergencies". Нашата земја одамна е вклучена и во промовирањето на политиката за нулта толеранција против злоупотребата и сексуалната експлоатација извршена од воениот и цивилниот персонал вклучен во мировните мисии на ОН.

Од суштинско значење е промовирањето на улогата на жените во процесите на медијација и спречување на конфликти, за кои Италија е во првите редови, особено со Мрежата на жени медијатори на медитеранот. Италија, исто така, е меѓу земјите кои се најмногу посветени на спречување и борба против експлоатација, злоупотреба и сексуално вознемирување во секторот за хуманитарна помош, како што е наведено во министерската изјава на Г-7 на Вистлер во " Circle of Leadership " на Генералниот секретар на Обединетите нации како и во почитувањето на обврските најавени на "Safeguarding Summit " во Лондон на 18-ти октомври.

 


320