Questo sito utilizza cookie tecnici, analytics e di terze parti.
Proseguendo nella navigazione accetti l'utilizzo dei cookie.

Preferenze cookies

Министерот за одбрана Елизабета Трента во посета на Скопје

Голем успех на посетата во Скопје, на 17 септември оваа година, на Министерот за одбрана Г-ѓа Елизабета Трента, по покана на Вицепремиерот и Министер за одбрана на Македонија Г-ѓа Радмила Шеќеринска.
Посета со интензивна програма и на највисоко институционално ниво, при која се оддржаа средби со највисоките претставници на државата: Претседателот на Републиката Ѓорге Иванов, Претседателот на Собранието Талат Џафери и Вицепремиерот Зоран Заев. Се одржаа средби исто така и со Министерот за надворешни работи, Никола Димитров, со Вицепремиерот за европски прашања, Бујар Османи, со членовите на Комисијата за одбрана при Собранието, со Претседателот на комисијата за европски прашања и со лидерот на опозицијата, Претседателот на ВМРО Христијан Мицкоски. При средбите со македонските власти повторно се потенцираа поддршката на Италија за евро-атлантските аспирации на Македонија како и силниот интерес за продолжување и интензивирање на билатералната соработка во областа на одбраната, на оперативно ниво, со обуки, како и на индустриско ниво.
За време на приемот во резиденцијата, организиран од Амбасадорот, Министерот Трента, исто така се сретна со претставници на италијанската заедница од економскиот, трговскиот и културниот сектор во Република Македонија и со италијанските претставници на меѓународните организации присутни во земјата.

https://www.facebook.com/ItalyinMKD/videos/289880191610238/

https://www.facebook.com/ElisabettaTrentaM5S/videos/308998326576764/

https://scontent.fskp2-1.fna.fbcdn.net/v/t1.0-9/42194086_1714227272032882_2132736297968599040_n.jpg?_nc_cat=109&oh=9cc0841ed626f63dd67e4d0337ebba50&oe=5C24C404