Questo sito utilizza cookie tecnici, analytics e di terze parti.
Proseguendo nella navigazione accetti l'utilizzo dei cookie.

Preferenze cookies

Проекти во Скопје од “Western Balkans Investment Framework” (WBIF) во секторот за градба на училишта

На 25 април 2018 година се оддржа посета на техничка делегација на “Western Balkans Investment Framework” (WBIF) во две образовни институции, во ОУ “Наум Наумовски Борче” и средното училиште “25 Мај”, двете лоцирани во Општината Гази Баба (Град Скопје). Целта на посетата беше да се изврши увид во резултатите од реконструкцијата на двете училишта, реализирана благодарејќи на проектите финансирани во рамките на WBIF “blending facility”, во кои придонесуваат Европската комисија, Европската инвестициска банка, Банката за развој на Советот на Европа, Европската банка за обнова и развој и Светската банка, како и некои билатерални донатори, вклучувајќи ја и Италија.
Проектите за структурни подобрувања на двете училишта, одобрени во мај 2011 година, се дел од акционата програма на Министерството за образование и наука на Македонија за структурно прилагодување на училишните згради, со цел да им се понуди на учениците поповолна околина за учење. Благодарение на фондовите WBIF, се овозможи санација на објектите на институциите, реновирајќи ги фасадите, и подобрувајќи ја термичката изолација на училниците, исто така, и преку реконструкција на покривите. Меѓу другото, се обновени системите за греење, канализационите системи и системите за водовод, кои обезбедуваат подобри здравствени услуги и гарантираат подобри хигиенски услови. На крај, променети се и вратите и ентериерите на училниците. Со ова обновување, освен подобрување на квалитетот на учењето на студентите, се избегнува непотребно губење на ресурси како што се енергијата и водата, како резултат на хидрауличните и неефикасните енергетски системи, и така има можност за пренасочување на парите кон купување на нови технологии, со цел да се обезбеди интерактивна настава.
На посетата присуствуваа и Министерот за образование и наука, Рената Дескоска, Градоначалникот на Гази Баба, Борче Георгиевски,Амбасадорот на Италија, Амбасадорот на Германија и други официјални претставници на Европската комисија и Банката за развој на Советот на Европа. Министерот Дескоска им се заблагодари на главните донатори на ” Western Balkan Investment Framework”, кои, заедно со средствата од страна на Владата на Република Македонија и Банката за развој на Советот на Европа, ја овозможија реконструкцијата и модернизацијата на училиштата. Таа, исто така, истакна дека подобрувањето на квалитетот на наставата, објектите и условите за учење се меѓу главните владини приоритети, со цел да им се овозможи на студентите да постигнат подобри резултати. Инвестициите во образованието се дефинирани како една од приоритетните цели на земјата, со цел прилагодување на европските образовни стандарди.
Амбасадорот Ромео изрази благодарност за резултатите добиени во рамките на WBIF, истакнувајќи го фундаменталниот интерес што Западен Балкан го има за ЕУ ​​и за Италија, како и заложбата на европските институции и поединечни земји-членки за развој на регионот , со посебен осврт на инфраструктурните и транспортните сектори (важни се постигнатите резултати од Самитот во Трст во јули 2017 година), економската интеграција, енергијата и животната средина, но, исто така и социјалните политики.

https://www.facebook.com/ItalyinMKD/photos/pcb.1526680880787523/1526677537454524/?type=3&theater