Questo sito usa cookie per fornirti un'esperienza migliore. Proseguendo la navigazione accetti l'utilizzo dei cookie da parte nostra OK

Прослава за Денот на Републиката во Скопје

Data:

30/07/2018


Прослава за Денот на Републиката во Скопје

Вечерта на 31 мај во Скопје, се оддржа прославата за Денот на Републиката, во престижниот туристички комплекс "Македонско Село", голем простор со панорамска позиција со поглед кон Скопје на падините на планината Водно, во близина на познатиот манастир Свети Пантелејмон (кој датира од 12 век).

На настанот беа присутни околу 670 гости, вклучувајќи и голем број на институционални претставници, како Претседателот на парламентот, Талат Џафери, Премиерот Зоран Заев, Заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи, Вицепремиерот за спроведување на Охридскиот Рамковен договор, Хазби Лика, Министерот за надворешни работи Димитров, Министерот за финансии Тевдовски и други министри, претставници на војската на Македонија, новиот гувернер на Народната банка, Поглаварот на православната црква, Бискупот на католичката црква и голем број Шефови на мисија акредитирани во Земјата, личности од светот на културата, медиумите, академици и граѓанското општество. Големо беше присуството на италијанските сонародници, особено на претставниците на италијанската бизнис заедница во Македонија и претставниците од меѓународните организации.

Институционалниот дел беше отворен со изведбата на националните химни на Италија и Македонија, оваа година - за прв пат - испеани од страна на учениците на " Nova International Schools" во Скопје, кои посетуваат часови по италијански јазик организирани од Институтот Данте Алигиери, со помош на средствата обезбедени од МНРМС. Елемент кој придонесе за создавање на уште поубава атмосфера на заедништво.

Во поздравниот говор Амбасадорот освен годишнината на Републиката, потсети и на седумдесет годишнината од италијанскиот Устав и на 25-годишнината од отворањето на дипломатските односи меѓу Италија и Македонија, и по тоа, ги повтори начелата на италијанската надворешна политика на Балканот, фокусирана кон целта за стабилизирање на целиот регион во мир и демократија, ставајќи го во Европската унија и во НАТО.

Коктелот и специјалитетите со интегрираната промоција на италијанските производи, благодарение на насочени институционални и комерцијални спонзорства, како и секогаш беа високо ценети. Храната и виното кои се служеа на гостите беа исклучиво италијански, со катчиња кои беа посветени на специфични категории на производи (сувомеснати производи, сирење, тестенини, италијански аперитив, сладолед). Присутни меѓу другото, преку нивните локални дистрибутери, беа и големите брендови на Made in Italy - како Piaggio, Moto Guzzi, Ducati, Alfa Romeo – кои ги изложија своите топ модели и понудија илустративен материјал. И музиката беше речиси исклучиво италијанска, преку изведбата во живо на група млади локални уметници, страстни љубители на нашата музичка традиција.

Важна новина на овој прием за 2 јуни, беше изложбата на панели, целосно дизајнирани и изведени од страна на персоналот на Амбасадата (од суштинско значење беше придонесот на Заменикот шеф на мисија, д-р Алесио Ликуори, Лекторот Проф. Марко Пешетели, и на двајцата стажисти на МНРМС, Франка Мариа Амато и Доменико Греко), преку кои се обидовме да го пренесеме извонредното богато италијанско наследство од областа на природата, културата, човештвото, економијата. Дваесетте панели, по еден за секој регион на Италија, ја покажаа преку слики и дидаскалии огромната разновидност на пејзажи, споменици, кулинарски традиции и генијални личности од различните италијански региони, често обидувајќи се да се излезе од класичната слика и да се посвети поголема видливост на можеби помалку познатите елементи, но сепак извонредни, на нашето национално наследство. На секој панел, на крајот, е прикажана фотографијата и цитат од еден лик од уметноста, културата или институционален лик роден во тој регион во Италија.

Прославата на Денот на Републиката во Скопје беше голем успех – и со едногласна ентузијастичка потврда од гостите – поради изборот на локација за организирање на настанот, поради квалитетот на коктелот и храната и општата пријателска атмосфера која успеавме да ја создадеме.


290