Questo sito utilizza cookie tecnici, analytics e di terze parti.
Proseguendo nella navigazione accetti l'utilizzo dei cookie.

Preferenze cookies

Посета на Амбасадорот во Куманово и средба за промоција на италијанскиот јазик

На 3 април Амбасадорот Ромео го посети Куманово, каде се сретна со Градоначалникот Максим Димитриевски, со кого разговараше за можностите за инвестиции, особено во областите на инфраструктурата и животната средина.
Во овој контекст, се оддржа средба, организирана од самиот градоначалник, со директорите на училиштата и професорите по италијански јазик, за развивање на иницијативи за унапредување на италијанскиот јазик во државните училишта, и по одлуката на македонската Влада за вклучување на италијанскиот јазик во школскиот систем како втор странски јазик (по избор) почнувајќи од следната учебна година.
На крајот на состанокот, Амбасадорот донираше книги по италијански јазик на Гимназијата “Гоце Делчев”, каде што се изучува нашиот јазик.