Министерот за надворешни работи и меѓународна соработка, Анџелино Алфано, се сретна со Министерот за надворешни работи на Република Македонија, Никола Димитров, на Меѓународната конференција “on the Responsibility of States, Institutions and Individuals in the Fight against Anti-Semitism in the OSCE Area”, која се оддржа во Рим на 29 јануари, настан со кој се прослави почетокот на Италијанското Претседателство на ОБСЕ.
На срдечната средба, Г-динот Министер ја потврди поддршката на Италија за реформските процеси кои ги презема Владата на Република Македонија, како и генерално за евро-атлантската интеграција на Земјата.
Министерот Димитров се заблагодари и се потсети со благодарност на Самитот на Западен Балкан во Трст во јули 2017 година („настан од особена важност и богат со конкретни резултати„) и на силниот ангажман на Италија и лично на министерот Алфано во таа прилика.
Се споменаа големиот напредок постигнат во билатералните односи со Бугарија и силната посветеност на Скопје во преговорите со Атина за решение на спорот со името, чекор кој ќе се покаже „од историско значење„, ќе обезбеди силен поттик за процесот на евро-атлантска интеграција и значително ќе ја зајакне стабилноста на регионот.
Двајцата министри, исто така, се согласија да ја зајакнат веќе одличната културна соработка, особено во областа на промоција на италијанскиот јазик.