Questo sito usa cookie per fornirti un'esperienza migliore. Proseguendo la navigazione accetti l'utilizzo dei cookie da parte nostra OK

Messaggio

 

Messaggio

       Би сакал да упатам најсрдечни поздрави до сограѓаните, до македонските граѓани поврзани со Италија и до сите оние кои културолошки и идејно се препознаваат во Италија.

Врските кои ги соединуваат Италија и Македонија се милениумски и своите корени ги пронаоѓаат во самиот зачеток на западната и средоземната цивилизација, за кои што Римската Империја и нејзиното влијание во Македонија - преку коридорот Виа Егнација и нејзиниот главен центар Хераклеја - како и, претходно, благодарејќи на тесните врски помеѓу македонските градови и колониите во јужна Италија - како Помпеја, оставиле незаборавни сведоштва. Како нов доказ за ваквиот континуитет на социјално-културна размена помеѓу нашите народи, денес во нашата Земја може да се забележи значајна заедница на потполно интегрирани македонски граѓани кои со своите активности придонесуваат не само кон развојот на Италија, туку исто така и кон развој на Македонија.

И заради ваквите причини Италија и Македонија можат да сметаат на една значајна традиција на соработка на политичко, економско и културно поле како и на цврстите билатерални врски окарактеризирани со бројни средби и институционални посети на највисоко ниво.

На политичко поле, Италија отсекогаш била еден од главните поддржувачи на Македонија во нејзината интеграција кон Евроатлантските институции и тоа преку неопходниот внатрешен реформски процес, пред се во доменот на владеењето на правото и константниот политички дијалог помеѓу сите политички партии и компоненти на македонското општество.
Од основен карактер е и соработката по прашањата за безбедност и борба против меѓународниот тероризам и радикализација, како и чувствителното менаџирање со емигрантските прашања - полиња на кои Италија и Македонија веќе активно соработуваат.

На економски план, односите помеѓу нашите две земји се солидни, но постојат конкретни услови за нивно подобрување, како во делот на трговската размена, така и во делот на италијанските инвестиции, благодарејќи и на големиот степен на отвореност на Македонија кон меѓународната трговија, како и интересните можности кои произлегуваат од нејзината пријателска бизнис клима.

И промовирањето на италијанското извонредно културно наследство претставува еден од приоритетите на Италија. Тоа се базира врз богатството на размена и културни врски помеѓу нашиве две земји, консолидирани со текот на времето. Во тој контекст, се поголемото распространување на италијанскиот јазик во Македонија – со веќе многу висок степен на универзитетско ниво -уште повеќе придонесува кон зајакнувањето на истите.

Голема е честа да му служам на мојата Земја. Со помош на моите соработници, ќе ги вложам сите можни сили за да придонесам кон уште поголемо зајакнување на историските врски помеѓу Италија и Македонија. Мојата мисија ќе биде бездруго полесна доколку сите вие соработувате и ги поддржите активностите на оваа Амбасада.


38