Questo sito usa cookie per fornirti un'esperienza migliore. Proseguendo la navigazione accetti l'utilizzo dei cookie da parte nostra OK

Ambasciatore

 

Ambasciatore

foto amb silvestri

Андреа СИЛВЕСТРИ

Роден е во Арецо, на 19 мај 1968 година. Студирал на Универзитетот во Рим: дипломирал политички науки на 9 декември, 1991.

На 18 мај 1993 на јавен конкурс бил избран да се обучува за дипломатска кариера. Бил во отсуство сѐ до 15 јуни 1993 година поради исполнување на воената служба. Од 16 јуни 1993 година работел во Генералниот Директорат за Соработка за Развој, во XIII оддел. Од 30 март 1994 до 30 јануари 1995 остварил професионална обука при Дипломатскиот Институт. Од 31 јануари 1995 стапил во служба на Генералниот Директорат за Соработка за Развој, VI оддел.

На 31 јануари 1995 бил назначен за Секретар на Делегација. Од 5 август 1996 служел како Втор Трговски Секретар во Абиџан. На 18 ноември 1997 ја добил титулата Прв Секретар на Делегација. Во истото преставништво се здобил со функцијата Прв Трговски Секретар на 1 февруари 1998. Од 15 јули 1999 година служел како Заменик-Конзул во Париз. На 23 март 2000 година му била доделена функцијата Конзул во Париз. На 12 јуни 2003 година стапил во служба на Генералниот Директорат за Административни Работи.

На 2 јули 2003 година се стекнал со титулата Советник на Делегација. Од декември 2004 година до јуни 2005 година учествувал во обуката за професионално ажурирање на Советници на Делегации при Дипломатскиот Институт. На 18 октомври 2005 година започнал да работи во Генералниот Директорат за Европска Интеграција, во VI оддел. На 2 август 2006 година бил назначен за Раководител на VI оддел на Генералниот Директорат за Европска Интеграција.

На 2 јули 2008 година станал Советник на Амбасада. Од 27 август 2008 година раководел со VI оддел на Директоратот за Европски Интеграции. Од 1 септември 2009 година бил назначен за Прв советник за Имиграција и Социјални прашања при постојаното седиште на ЕУ во Брисел.

На 21 февруари 2013 година отстапил од матичното Министерство за да служи во Министерството за земјоделство, храна и шумарство, како Дипломатски Советник на Министерот. Во истото Министерство се стекнал со рангот Дипломатски советник на Министер и бил во служба сѐ до 11 февруари 2019 година.

На 11 февруари 2019 година се враќа во служба на Министерството за Надворешни Работи и Меѓународна Соработка. Од 28 февруари 2019 работел под надлежноста на Раководителот на Службата за Правни Прашања при Директоратот за Дипломатија и Дипломатски Спогодби.

Помошник-полковник, Финансиска Полиција, 17 март 1996 година.

Одликуван со орден за заслуги на Италијанската Република, 2014 година.


29