Questo sito utilizza cookie tecnici, analytics e di terze parti.
Proseguendo nella navigazione accetti l'utilizzo dei cookie.

Preferenze cookies

#ZEROHACKATHON IS COMING TO FAO

#ZEROHACKATHON ПРИСТИГНУВА ВО FAO

Првиот маратон на идеи организиран од SIOI и од Дипломатските мисии на САД за поттикнување на решенија на младите студенти за одржлива иднина

Италијанско Друштво за Меѓународна Организација (SIOI – Друштво на ОН за Италија) во соработка со Дипломатските мисии на САД и техничка поддршка на FAO (Организација за исхрана и земјоделство на ООН) го лансира “ZeroHackathon”, натпревар кој ќе ги истакне најдобрите предлози на млади студенти за одржливост на нашата планета.

160 талентирани универзитетски студенти од целиот свет ќе се соберат во Рим, во ФАО, од 30 ноември до 2 декември, и ќе учествуваат на посебен настан каде што иновацијата, креативноста и планирање на проекти ќе претставуваат клуч до успехот. Целтта е да се препознаат најоригиналните и ефикасни решенија за комплексните и итни предизвици на нашиот век.

Ова се броевите: 20 тима по 8 членови поделени во 5 тематски области, со по 10 технички експерти и методолошки фасилитатори и 1 жири. Натпреварувачите ќе треба да образложат оригинални идеи со фокус кон темата „Светскиот ден на храната 2016: Климата се менува, храната и земјоделството мора исто така„. Финалните проекти може да бидат во било која форма се додека претставуваат конкретни решенија за справување со главните кризи кои и се закануваат на глобалната стабилност и кои ќе помогнат на сите нас да ја вклучиме почитта кон Целите за одржлив развој во нашето секојдневие. Само најдобриот тим ќе може да дојде до крајот и победничките идеи ќе ја добијат конечната награда!

“ZeroHackathon” добива покровителство од многубројни италијански институции и универзитети. Тоа е одлична можност за вреднување на образованието на младите студенти и за подобрување на нивните способности и вештини.

КАКО ДА УЧЕСТВУВАТЕ:

КОГА: од 30 ноември до 2 декември

КАДЕ: Рим, ФАО

КАКО: онлајн апликација

ТРОШОЦИ: посетете ја веб страната www.romunsioi.org

КОНТАКТИ: romun@sioi.org

Се молат кандидатите, за да можат да конкурираат за евентуална селекција за стипендија, откако ќе се пополни апликацијата онлајн, да ја известат Амбасадата најдоцна до 20 октомври на овој мејл: culturale.skopje@esteri.it